19 Декември, 2025
0.0641

Момчето кое испраќало лажни дојави за бомби има 15 години

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 17:23

Добивај вести на Viber

Кривична пријава „заработи“ малолетник од Кавадарци за „тероризам“, затоа што се закануваше со поставени бомби. 

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци. 

Тој на 4 декември годинава од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. На 12 месецов од истиот персонален компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната. Се работеше за лажни дојави за бомби. 

Врз основа на издадена Наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 12 месецов  е извршен претрес на дом и други простории каде што живее лицето, при што одземени се еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел кривично пријавениот.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска во одговор на новинарско прашање откри дека е уапсено одговорно лице за дојавата за лажни бомби во училиштата во Кавадарци во изминатиот период.

Претходно, и момче од Скопје испраќало пораки со закана за поставени бомби. Полицијата го откри. Со месеци во Македонија има лажни дојави за бомби. Дојави имаше за училишта во Скопје, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка. 

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните