03 Мај, 2024
0.0244

Молк во Антикорупциската комисија за делницата во Клечовце!

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Антикорупциската комисија молчи за случајот национален гасовод, односно за делницата во Клечовце, а за која во јавноста се отворија серија дилеми,  односно дали овој проект се прави во законска постапка, дали фирмите треба да се бираат на тендери или зошто не се бираат на тендер? Фактор пред пет дена упати прашања за отворените дилеми околку изгрдбата на гасоводната делница во Клечовце, која според досегашните сознанија, а во отсуство на транспарентност на институциите ги отвора прашањата за тоа дали овој проект се гради во законска постапка? Прашањата на Фактор, беа адресирани до Антикорупциската комисија , а се бараа одговори дали ќе го испита случајот, дали гасоводот се гради со тендер или без тендер, дали овој проект смее и може да се гради без тендерски постапки.? Но, не само што нема одговор на писмените прашањата, туку откако беа испратени на службената електронска пошта, надлежните за односи со јавност, повеќе не одговараат на нашите повици. Поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, вели дека иако конкретно не е запознаена во детали со случајот, сепак смета дека секогаш кога ќе има отворени прашања или сомнежи, без разлика дали доаѓаат од новинарите или од други извори, тогаш, антикорупционерите треба да се изјаснат „Но, во овој случај со гасоводот во Клечовце, каде 60 милиони долари се даваат како клириншки долг од страна на Русија, а проектот го води руска фирма, и уште  15 милиони долари, сепак ги дава Владата од централниот буџет, антикорупциска комисија е должна и треба да испита и одговори, дали за тие 15 милиони долари што владата ги дава директно од буџетот, не можело да се  најде подобра понуда од онаа на руската и дали при тоа е запазен јавниот интерес на државата., вели Слаѓана Тасева, поранешен претседател на антикорупциската комисија. Изградбата на гасоводот во Клечовце, беше помпезно најавена, од страна на Владата, на чело со премиерот Никола Груевски  и економските министри во владата Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. Но, никој не сака да одоговори, кој и како договорил дека гасоводната делница во Клечовце долга 60 километри ќе чини 75 милиони долари, или по 1,2 милиони долари за километар. Никој од нив не одговори на прашањата на Фактор, во каква постапка и во кој официјален документ е тоа наведено колку ќе чини овој проект и врз основа на кои анализи е направена таквата финансиска пресметка. Одговор на овие прашања одби да даде и Крсте Миладинов, директор на државната компанија Македонски енергетски ресурси задолжена за овој проект. Иако оваа државна компанија од страна на рускиот изведувач на проектот Стројтрансгас беше посочена како потписник на договорот за изградба на проектот. Прашањето за финасиската конструкција  го одбегнаа и руските изведувачи на делницата во Клечовце, фирма Стројтрансгас.  Тие само посочија дека десетина македонски компании ќе бидат вклучени во овој проект по различни основи, и дека буџетот нема да биде надминат а проекто ќе биде заврешен во предвидениот рок. Но, токму тоа отвори нови дилеми, зошто нема тендер за изборот на домашните компании, кој и  како одлучил  работата без тендер да ја добие руската Стројтрансгас, но и зошто ако веќе таа фирма е избрана за изведувач на работите за сумата што земјава ја добива како килириншки долг од Русија, не е направен тендер за останата сума што државата ја дава од буџетот, односно дополнителените 15 милиони долари. Серија отворени прашања, го брануваат овој мега проект, а сите домашни институции се прогласуваат или за ненадлежни или одбиваат да ги одговорат прашањата.  

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите