26 Април, 2024
0.0341

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Како еден од најзначајните настани во историјата на банкарството во земјава беше означена денешната официјална објава за купувањето на Охридска банка од Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, за сума од 48 милиони евра, со што станува сопственик на 91,57 отсто од акциите.

„Со стекнување на 91.57 отсто од акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија, со пазарно учество од околу 14 отсто. Оваа трансакција е и најголема бизнис инвестиција во регионот оваа година. Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте Групацијата. Земајќи го во предвид волуменот на комбинираната банка, сега таа ќе биде позиционирана на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население. Исто така, со интеграцијата се очекува Банката да биде лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги“, велат од Штаермеркише.

Засега, сметките на клиентите на Охридска банка, како и условите за кредити дефинирани во договорите остануваат исти. И условите за користење на платежните картички остануваат непроменети, а клиентите немаат обврска да ги заменуваат во моментот нивните картички. Двете банки ќе функционираат како засебни правни субјекти на пазарот. Интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија се очекува да се случи во вториот квартал од 2021 година. Но, Охридска банка веќе го промени името во Шпаркасе-Охридска банка. Во овој претстоен период, пак, треба да се завршат сите технички и законски процеси што се неопходни за спојувањето, по што од април 2021 година ќе функционира само една банка, чие име најверојатно ќе биде Шпаркасе-Северна Македонија, но тоа се уште официјално не е потврдено.

Охридска банка во моментов има околу 400 вработени. Дали сите ќе успеат да ги задржат работните места по спојувањето, беше интерес на новинарите на пресконференцијата. Од Бордот на Штаермаркише тврдат дека со спојувањето засега нема да има отпуштања.

„Сега ни се потребни сите ресурси, бидејќи во наредниот период следува процес на спојување на двете банки кој е многу обемен“, вели Георг Бухер, член на Управниот Одбор на Штаермеркише Шпаркасе од Штаермаркише.

Банката која е широко раширена во регионот на Западен Балкан се надева дека Македонија порано или подоцна сепак ќе успее да влезе во Европската унија.

„Со моменталното позиционирање на Франција малку сме разочарани, но ние како инвеститори веруваме дека вие порано или подоцна ќе станете членка на ЕУ, а ние секогаш ќе ве поддржуваме во тој процес. Се надеваме дека ова што се случи ќе биде само едно мало одложување и дека земјава наредната година ќе добие одлука за почеток на преговорите и дека францускиот претседател ќе мго смени својот став“, смета Бухер.

Штаермеркише Шпаркасе во Северна Македонија е присутна од 2008 година преку својата локална подружница Шпаркасе Банка Македонија, која во моментот има активна од околу 350 милиони евра. Со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе, вкупната актива на Банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од една милијарда евра.

„Со купувањето на една од водечките, меѓународно активни банки во Северна Македонија, ќе станеме уште посилен партнер на економијата. Со членовите на Управниот Одбор на новата банка ќе обезбедиме стабилност и иновативен пристап во работењето. Убеден сум дека ќе формираме нова успешна банка и дека ќе создадеме одржливи вредности за нашите клиенти и акционери, а особено за нашите вработени“, изјави Бухер.

Нина Неданоска, новата Претседателка на Управниот одбор на Охридска банка вели дека поминавме доста, а ни претстои и еден долг предизвикувачки период. 

„Главниот фокус и понатаму останува грижата за нашите клиенти. Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија. Оваа банка ќе донесе бројни бенефити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски сектор“, изјави Недановска. 

Неданоска почна да ја извршува функцијата на 7 ноември. Претходно досегашната претседателка на управниот одбор Бранка Павловиќ поднесе оставка.

„Интегрираната банка ќе биде водечки финансиски супермаркет во регионот. Со нудење на извонредни банкарски услуги, како и услуги во областа на животното осигурување, лизингот, и инвестиционо банкарство ќе придонесува за исклучително задоволство на клиентите. Банката ќе биде препознатлива по нашиот хуман однос, одговорно однесување, инклузија на клиентите, како и професионални совети и вмрежување на клиентите во земјата и странство“,изјави Глигор Бишев, Главен Извршен Директор и Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Една од првите придобивки за клиентите на свете банки ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати ширум земјата, како и можноста за подигнување на средства од банкомати со дебитни картички без провизија, почнувајќи од први јануари 2020 година. Интегрираната банка ќе има знајачно учество и видливост на пазарот преку понудата на широк спектар на банкарски производи, инвестициски фондови, осигурителни, лизинг и готовински услуги.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната