Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија
Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2025 15:55
Моја Кравица и оваа година беше верен пријател на најмладите, поддржувајќи ја детската трка во рамки на манифестацијата Охрид трчаТ, што се одржа на стадионот „Билјанини извори“. Трката прераснува во убава традиција што ги обединува првачињата од Охрид и Дебарца – над 500 деца кои со ентузијазам и насмевка ја истрчаа својата прва спортска трка.

Како бренд кој се грижи за здравиот раст и среќното детство, Моја Кравица обезбеди слатко изненадување за сите учесници – освежувачко чоколадно млеко, практични ранчиња и вкусни Моја Кравица чоко јајца. По завршувањето на трката, омиленото чоколадно млеко на децата беше совршен начин за обновување на енергијата и уживање по физичката активност.

Детската трка беше од ревијален карактер, без натпреварување – затоа сите беа победници. Стадионот одекнуваше со смеа, аплаузи и радост, а секое дете си замина дома со насмевка, убави спомени и подарок од Моја Кравица кој ќе го потсетува на нивната спортска авантура.


Со секоја ваква иницијатива, Моја Кравица продолжува да ги мотивира најмладите да растат среќно, активно и секогаш со насмевка – и со нивното омилено чоколадно млеко во рака.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




