23 Април, 2024
0.0408

МОДНАТА КУЌА ЛУЈ ВИТОН НИКОГАШ ПОСИЛНА, И покрај кризата профитот се зголеми, сопственикот Анро меѓу најбогатите во светот

Објавено во: Стил 03 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за светот на луксузни стоки, ретко кој е поуспешен од французинот Бернар Арно, 72-годишниот извршен директор на францускиот луксузен конгломерат LVMH (Louis Vuitton – Moët Hennessy). Тој го изгради своето богатство во период од речиси четири децении, проширувајќи ја империја на луксузни стоки што вклучува некои од најпознатите модни брендови вклучувајќи ги Луј Витон, TAG Heuer и Dom Pérignon.

Арно исто така вклучи четири од неговите пет деца во својот бизнис, градејќи семеен бизнис што резултираше со третото по големина богатство во светот.

Business Insider ја пренесува приказната и деталите за тоа како Арно го започнал својот бизнис и станал еден од најбогатите луѓе во светот:

73-годишниот француски бизнисмен е претседател и извршен директор на LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton, познат како LVMH. Арно поседува 97,5 отсто од Кристијан Диор, кој контролира 41,2 отсто од LVMH.

Арно потекнува од северниот француски град Рубе. Студирал инженерство во едно од најпрестижните француски училишта, а по дипломирањето почнал да работи во градежната компанија на неговиот татко Ферет-Савинел.

Во 1984 година ја купил пропаднатата компанија Agache-Willot-Boussac, која ја поседувала француската стоковна куќа Bon Marché и модната куќа Christian Dior. Потоа ја преименуваше компанијата  и скрати од трошоците продавајќи дел од бизнисите за кои сметаше дека немаат перспектива. Набргу потоа ја купува модната куќа Селин и го финансира францускиот дизајнер Кристијан Лакроа.

Во доцните 1980-ти, Арно рече дека неговата цел е да ја води најголемата луксузна компанија во светот во следните 10 години. Како цел на оваа амбиција, тој „налета“ на LVMH, трошејќи 2,6 милијарди долари за купување на акции за да стане најголемиот акционер во 1989 година, а на крајот и негов претседател и извршен директор.

Арно се оженил со Ен Деваврин во 1973 година и имале две деца пред да се разделат во 1990 година. Тој повторно се оженил во 1991 година со Хелен Мерсие, канадска концертна пијанистка. 

Како и многу милијардери, Арно живее луксузен живот. Тој патува со приватен авион, поседува пространа вила за одмор во сјајниот Сен Тропе на француската ривиера и наводно потрошил најмалку 96,4 милиони долари на станбени имоти во областите Лос Анџелес и Холивуд.

Францускиот милијардер и неговата сопруга живеат на левиот брег на Париз, јужно од реката Сена. Во својот дом, Арно чува колекција на модерна и современа уметност, вклучувајќи дела од Жан-Мишел Баскија, Демиен Хирст, Маурицио Кателан, Енди Ворхол и Пабло Пикасо.

Анро има пет деца, две со првата сопруга, три со втората. Антоан и Делфин Арно се неговите две деца од првиот брак. Додека со сопругата Хелен ги има Александар, Фредерик и Жан.

Делфин, најстарата ќерка на Арно, е најверојатниот наследник на империјата LVMH. Кариерата ја започна во американската консултантска компанија McKinsey & Co. во Париз, а сега е извршен потпретседател на Луј Витон.

Во јануари 2019 година, на 43-годишна возраст, Делфин стана најмладиот член на извршниот одбор на LVMH. 

Арно се дружеше со некои од највлијателните личности, не само од светот на модата. Во 2017 година, тој се состана со тогашниот новоизбран американски претседател Доналд Трамп во кулата Трамп во Њујорк, непосредно пред инаугурацијата на Трамп, за да разговара за проширувањето на фабриките на LVMH во САД.

Компанијата отвори нова фабрика Луј Витон од 100.000 квадратни метри во Тексас во 2019 година, трета во САД. Медиумите забележаа дека Трамп присуствувал и на церемонијата на сечење лента.

Арно наводно бил пријател со основачот на Apple, Стив Џобс. Biunis Insider пишува дека Џобс еднаш му рекол на Арно: „Знаеш, Бернард, не знам дали по 50 години мојот iPhone сè уште ќе биде успешен, но можам да ти кажам, сигурен сум дека сите сè уште ќе го пијат твојот Dom Pérignon. "

Поранешниот извршен директор на Голдман Сакс, Елојд Бланкфајн еднаш го нарече Арно „тотален визионер“, додавајќи дека „го предвидел порастот на богатството во светот“.

Со текот на годините, Арно го изгради LVMH во најголемиот луксузен конгломерат во светот и се здоби со импозантниот прекар: „волкот во кашмирско палто“.

Тој, исто така, стои зад создавањето на Фондацијата Луј Витон, музеј за современа уметност и простор за изведба во Париз дизајниран од Френк Гери, кој беше отворен во 2014 година.

Во април 2019 година, LVMH објави изјава во име на семејството Арно, во која вети 200 милиони евра за помош во обновата на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожар истата година.

Во октомври 2020 година, компанијата на Арно ја купи Тифани и Ко. за 15,8 милијарди долари во најголемиот луксузен договор досега. Спорната продажба вклучува повеќе тужби и пад на цената од 400 милиони долари.

Во јануари 2019 година, Арно заработи 4,3 милијарди долари за еден ден откако акциите на LVMH пораснаа за 6,9 отсто. И само шест месеци подоцна, на 19 јуни 2019 година, тој повторно се најде на насловните страници кога стана третата личност во светот што достигна 100 милијарди долари нето вредност.

Потоа дојде пандемијата на коронавирус, а деловните затворања поврзани со пандемијата ги потопија акциите на LVMH, предизвикувајќи личната нето вредност на Арно да се намали за повеќе од 30 милијарди долари до мај 2020 година.

Но, како што светот повторно се отвори, акциите на LVMH закрепнаа, благодарение на силната продажба на мода и кожни производи и порастот на продажбата на алкохол, особено шампањ.

Досега беше добра година за компанијата: забележа приход од 36,7 милијарди евра во првата половина на 2022 година, што е за 28 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2021 година.

Арно е трет најбогат човек во светот, зад Илон Маск и Џеф Безос, но најбогат Европеец, со богатство вредно 158 милијарди долари, според Форбс.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган