14 Декември, 2025
0.1680

„МОДА“ НА СУПЛЕМЕНТИ VS. РЕАЛНА КОРИСТ И РИЗИЦИ: Се зголемува потрошувачката на витамини напролет, но дали тие навистина помагаат?

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Со доаѓањето на пролетта, аптеките сè почесто се полнат со граѓани кои бараат витамини и минерали за да си го зајакнат организмот по зимскиот период. Замор, анемии, настинки и пад на имунитетот се најчестите причини поради кои луѓето посегнуваат по додатоци во исхраната, верувајќи дека тие ќе им помогнат да се чувствуваат подобро и да ги спречат болестите. Ваквите суплементи особено лесно се купуваат без рецепт и се промовираат како едноставно решение за „сè што му треба на телото“.

Но, додека потрошувачката расте, здравствената заедница сè почесто предупредува дека дел од овие додатоци не само што немаат докажана корист кај здрави луѓе, туку можат да бидат и потенцијално штетни ако се земаат без потреба и без лекарски надзор. Последните истражувања на водечки здравствени институции, како Harvard Health, Mayo Clinic и NIH, покажуваат дека кај поголемиот дел од популацијата мултивитамините не го намалуваат ризикот од хронични болести, а прекумерниот внес на калциум во форма на суплементи се поврзува со проблеми како калцификација на артериите и камења во бубрезите.

И додека експертите препорачуваат разновидна исхрана како најдобар извор на хранливи материи, на терен сликата е поинаква. Граѓаните самостојно ги купуваат додатоците, водени од лични убедувања или од реклами. Аптекарите велат дека пролетта е период кога побарувачката значително расте. Валентина Ј. фармацевтка од Скопје, вработена во една од аптеките, во изјава за Фактор особено се осврна на прекумерната употреба на мултивитамините и калциумот, кои се споменуваат и во студиите на светските експерти.

Иако калциумот често се промовира како неопходен за здравјето на коските, истражувањата не потврдуваат дека додатоците на калциум всушност придонесуваат за цврстината на коските. Наместо додатоци, калциумот е најдобро да се внесува преку храна бидејќи подобро се апсорбира од природни извори и има помала веројатност да се таложи во крвните садови.

„Нема докази дека суплементите со калциум стигнуваат до коските, каде што всушност ни требаат. Постојат докази дека калциумот од суплементите може да се таложи во крвните садови и да предизвика камења во бубрезите“, вели таа, нагласувајќи дека многу луѓе земаат калциум без медицински надзор, што може да биде ризично. „Во некои случаи, суплементацијата е оправдана, но ова треба да го утврди лекар. За жал, ние фармацевтите сме првите во ланецот на здравствената заштита кои советуваме, сугерираме, но и предупредуваме што да користат и како. Мене ми е најлесно пациент да дојде со прескрипција од лекар, но тие речиси никогаш, или многу ретко препишуваат на пациентите витамини, минерали, односно додатоци на исхраната. Најчесто олставаат пациентите сами да одлучуваат што да пијат. Станува збор за ОТЦ препарати кои се т.н. гранични производи, односно се на границата меѓу лек и природен препарат за кои не се потребни рецепти. Затоа лекарите ова не го препишуваат, тие практично слепо се држат за хемиските лекови, вели таа.

Мултивитамините се меѓу најпопуларните додатоци во исхраната, но сè повеќе експерти ја доведуваат во прашање нивната ефикасност.

„Имаме голем број висококвалитетни студии кои не успеаја да покажат позитивен ефект од мултивитамините кај повеќето луѓе. Исклучок се луѓето над 65 години или оние со проблеми со апсорпцијата. Општо земено, мултивитамините слабо се апсорбираат и често содржат состојки како магнезиум, калциум и цинк кои се мешаат во меѓусебната апсорпција“, посочува фармавтцевтката.

Според неа, најдобро е да се земаат како единечни дози, и како што вели многу е подобро да се внесуваат овие хранливи материи преку разновидна исхрана или да се користи таргетиран додаток во согласност со реалните недостатоци и личните потреби.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено