27 Април, 2024
0.0287

Мобилна лабораторија за горива: Платена 600.000 евра, промовирана во јуни, а не ја помина првата „проба“

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Минатонеделниот обид за „огнено крштевање“ на мобилната лабораторија за испитување на хемиските вредности на нафтените деривати помина неславно без да ги направи првите испитувања кај трговците за тоа каков квалитет на гориво нудат трговците. 

Ова е првата лабораторија во државна сопственост која на самото место го испитува составот на дериватите со кој се користат крајните потрошувачи, односно купувачите, а нејзината предност е во тоа што примероците ги добива директно од самата бензиска станица или од цистерната на пат на национално ниво. Мобилноста се состои во тоа што и самите инспектори ќе може да превземат мерки веднаш откако лабораторијата ќе ги даде брзите резултати.

Од Бирото за метрологија и од Државниот пазарен инспекторат не сакаат децидно да откријат во што е проблемот, иако истата веќе е акредитирана од Институтот за акредитација. Набавена е по цена од 600.000 евра, а владата ја промовираше уште минатата година во јуни.

Од самото неработење на возилото се јавуваат првите дефекти, а веќе бил променет акумулаторот поради кој не можел да биде ставен во функција. Од Бирото за метрологија велат дека тоа е редовен потрошен материјал.и дека не станува збор за запоставување.

- Тоа е комбе со целосна опрема и тежи повеќе од три тони. Нормално е да се сервисира и да има дефекти. Подлежи на надворешни влијанија со текот на времето, а ние редовно го стартуваме. Што се однесува до самите контроли, ние сме само оператор и постапуваме по налог на пазарната инспекција онаму каде што ќе не проследат. Предвидено во секоја контрола да има по еден вработен од Бирото за метрологија, по еден пазарен инспектор и по еден полицаец, ни изјави Михајло Мишковски, надлежен за проектот во Бирото за метрологија.

Тој вели дека акредитацијата е одобрена минатиот месец и дека начинот на работа е по принципот на донесен примерок чија материја се испитува и краткорочно и долгорочно.

- Се испитува колку вода содржи горивото, јаглерод диоксид, сулфур, други штетни материи, колку октани може да ослободи и сите други параметри кои можат да дадат слика дали тоа е по сите стандарди и прописи на пазарот, додава Мишковски.

Оваа набавка треба да помогне во вонредниот ад-хок мониторингот против сивата економија и овозможување граѓаните да ја добиваат секогаш најквалитетната услуга, а испитувањата да се вршат во самата земја.

Станува збор за конкретни чекори за мониторинг на целиот пазар со цел да се види реално кој го пласира, како го пласира и со каков квалитет го пласира горивото во домашниот промет. Оваа активност на Бирото за метрологија треба да претставува чекор напред во поглед на заштита на потрошувачите.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот