МНР ги објави препораките: Цар Самуил владеел со Бугарско царство, ќе се чествуваат заеднички Кирил и Методиј, Климент и Наум
Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 14:29
Комисијата за историско-oбразовни прашања, согласно потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките со кои заеднички ќе се слават Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методи, Св.Климент и Св.Наум, што подоцна ќе бидат испратени на усвојување од страна на Владата.
Препораките кои само што ги објави Министерството за надворешни работи може да ги погледнете тука.
- Главни критериуми беа презентацијата на универзланите вредности на тие личности и придионесот во развивањето на христијанската култура и традиција и придонесот за сесловенската писменост. Се трудевме текстовите да имаат малку поширојк и порегионален акспект. Тие личности овозможуваат да бидат заеднички чествувани од Макеоднија и Бугарија, туку и пошироко и ќе придонесат за пододбрување на односите на двата народи, рече академикот Драги Ѓоргиев, ко-претседавачот на комисијата.
Дополни дека се работи за идентични текстови со кои се препорачува до двете влади да се чествуваат заедно овие историски личности на настани и јубилеи.
Објавени се препораки за пет измени за предметот историја за 5 клас во Бугарија, како и исто толку бугарски препораки за 6 одделение за Македонија за античкиот период.
- Тоа се препораки за учебниците по историја каде треба да има подобрување во бугарските учебници. Ова се препораки кои одат на усвојување во Владата и понатаму да продолжи процесот при пишувањето на идните учебници по историја.
Најчесто имаат структурални недоследности, фактографски грешки и на тоа како се претставнени одреддни географски реони. Препораките не допираат до идентитетските прашања, повеќе се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период и да се избегне денешната национална перспектива на современите нации и држави во Антиката, наведе историчарот.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




