МНОГУ НИ НЕДОСТИГАШ БАТЕ, КАКО ВРЕМЕТО ДА ЗАСТАНАЛО, НИШТО НЕ Е ИСТО КАКО ПОРАНО - сеќавањата на Тоше никогаш нема да избледат
Објавено во: Стил 21 Јануари, 2023 09:34
Времето поминува, а сеќавањата за Тоше Проески никако да избледат. По повод вчерашниот празник Свети Јован, Штерули Штерјоски од Крушево се сеќава на една заедничка прекрасна ноќ помината со Тоше и со останатите прјатели.
Вели дека ништо нма да биде исто како порано.
„Беше 2007 година 20 јануари на Свети Јован. Вечерта бевме на забава во Планет. После завршување на забавата отидовме на именден кај Јован Шапе за таму да продолжиме до сабајле со уште појака забава и многу смеење. Таму имаше клавир и Тоше свиреше а ние глумевме дека свириме на музички инструменти. Еве јас на пример свирев виолина, а Тоше се газеше од смеење ..Џанго свиреше на усна хармоника, Петар Шапе на гитара ..а Андреј го имаше цел промет од Планет и лепеше пари на музиката.
Овие моменти се паметат цел живот и никогаш не се забораваат.
Ништо не е како порано, како времето да застанало. Многу ни недостигаш бате и дури сме ние живи твоето име нема да биде заборавено“, напиша Штерјоски на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




