МНОГУ ЈАК ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ ВЕНЕЦУЕЛА: измерени 6,1 степен според Рихтеровата скала
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2024
Многу силен земјотрес ја погоди Венецуела рано изутринава.
Како што сооштуваат од сеизмолошките центри, земјотресот е со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава Венецуела.
Земјотресот се случил на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
#earthquake M 6.1 SUCRE, VENEZUELA pic.twitter.com/awi2mdiaHt
— SSGEOS (@ssgeos) June 23, 2024
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Фото: Принтскрин/Х