14 Декември, 2025
0.2905

МНОГУ ГЕРМАНЦИ И ШВАЈЦАРЦИ ЖИВЕАТ ВО ИЗНАЈМЕНИ ЖИВЕАЛИШТА: Зошто во Македонија e поинаку?

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023 07:55

Добивај вести на Viber

Ако во Германија и Швајцарија голем дел од населението живее во изнајмени живеалишта, во Македонија, но и во другите балкански земји е обратно.

Како што објави веб-страницата „Лангеист“ пред неколку месеци, според податоците земени од Евростат, 85,8 отсто од граѓаните во земјава живеат во сопствени домови, а бројот на луѓе со сопствени живеалишта во Германија е 49 отсто, додека во Швајцарија е 42,2 отсто.

„Мислам дека тука голема улога игра менталитетот. Тие луѓе си имаат добар стандард, сакаат да живеат комотно, посебно од родителите. И овде веќе имаме млади луѓе кои си работат од дома, добро заработуваат и сакаат да си живеат посебно, така што и кај нас работите ќе се менуваат“, велат од охридска агенција за недвижности. 

Од агенцијата за недвижности „Сонце“ од Скопје објаснуваат дека во главниот град има интерес за живеење под кирија. Ако младите во помалите места немаат можности и остануваат да живеат во заедници, во Скопје, со исклучок на богатиот слој кој поседува повеќе недвижнини, другите луѓе кои имаат една куќа или еден стан при проширување на семејството, се решаваат за живот под кирија или купуваат недвижности на кредит. Од оваа агенција сметаат дека во главниот град 65 отсто имаат свои живеалишта, но другите изнајмуваат.

„Последниве две години младите работат онлајн за странски компании, добро заработуваат и можат да си дозволат да живеат под кирија. Исто, имаме студенти кои доаѓаат од помалите места и се сместуваат под кирија. Имаме странци кои работат тука и се под кирија. Имаме мешани бракови со лица од Турција, Албанија, Украина, тие изнајмуваат живеалишта. Луѓето од другите градови доаѓаат во Скопје поради работа, се сместуваат под кирија и кога ќе стигнат до некое кредитно ниво, си купуваат стан“, додаваат од „Сонце“.

Драги Илиев од Здружението за македонско – германско пријателство од Битола, многупати престојувал во Германија и вели дека статистиките се одраз на менталитетот.

„Тоа е прашање на менталитетот, затоа што младите во Германија сакаат самостоен живот, но и старите сакаат самостоен живот. Младите изнајмуваат станови, си работат и егзистираат, додека кај нас сме научени дека младите треба да ги чуваат старите, а старите не сакаат да одат во дом“, рече Илиев.

На ниво на Европа, најголем број на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово и тоа дури 97,8 отсто. Албанија е втора со 96,3 проценти, а во Романија 95,3 отсто од граѓаните живеат во сопствени живеалишта. Во Србија, Црна Гора и Хрватска тој процент е околу 90, во Бугарија 85, а во Грција 73,3 отсто од граѓаните живеат во сопствени домови.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина