26 Април, 2024
0.0304

ММФ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА ЕУРОСТАНДАРД - Народна банка ја донела одлуката за да ги заштити депонентите

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Рецесијата како последица на пандемијата врз економијата е сосема незибежна годинава, како глобално така и во земјата, меѓутоа, најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд, влеваат уште поголем песимизам.

Наспроти првично очекуваниот пад на бруто домашниот производ за 4 отсто, регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, во своето прво интервју за Капитал ја открива прогнозата на ММФ дека намалувањето на економската активност ќе достигне до 5,5 отсто. Ова е за два процентни поени понегативна прогноза отколку оние на Владата или пак на Народната банка. 

Сепак, ММФ посочува дека и оваа прогноза е исклучително неизвесна, односно зависна од неколку фактори поврзани со јавното здравје и со економски последици кои се без преседан и во основа се тешки да се предвидат. Освен за најновите прогнози на Фондот за економската ситуација, Стефани Ебле во ова интервју зборува и за затворањето на Еуростандард банка и стабилноста на финансискиот сектор пошироко, и сугерира кои би требало да бидат следните чекори на државата во справувањето со влијанието на здравствената криза врз економијата.

На прашањето кое е нејзиното мислење во однос на одлуката на Народната банка да ѝ ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банка и кои би требало да бидат следните чекори, Ебле вели дека НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. 

„Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување по корективни мерки изречени од НБРСМ во претходно определен временски рок. Во случајот со Еуростандард банка, одлуката за одземање на дозволата била донесена откако НБРСМ утврдила дека капиталот на Банката паднал на многу ниско ниво што не ѝ дозволува да продолжи со своето работење – одлука донесена со цел да се заштитат интересите на депонентите и финансиската стабилност.

Сега, итен приоритет треба да биде навремената исплата на осигурените депоненти и да се извлече максимум од активата на оваа банка преку транспарентна стечајна постапка“, вели Ебле во интервјуто за Капитал.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната