ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија
Објавено во: Економија 12 Мај, 2025 14:21
Според проценката
на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година, инфлацијата во европските
земји значително ќе варира. Најниска стапка на инфлација се предвидува во
Швајцарија, од само 0,5 отсто, додека Турција ќе ја забележи највисоката стапка
од дури 22,8 отсто.
Меѓу земјите од Европската Унија, најниска инфлација ќе има во Франција (1,6отсто) и Ирска (1,7 отсто), додека највисока инфлација се очекува во Полска (3,4 отсто) и Унгарија (3,6 отсто). Германија ќе има инфлација од 1,9 отсто, а Хрватска 2,6 отсто. Инфлацијата во Русија и Украина останува висока - 5,5 отсто и 7,7 отсто. Додека Швајцарија и Франција ја држат инфлацијата под контрола, Хрватска го надминува европскиот просек со 2,6 отсто, а Турција, со рекордни 22,8 отсто, станува рекордер по инфлација на континентот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај предвидува дека економијата на Македонија ќе порасне за 3,2 проценти и во 2025 и во 2026 година. Стапката на инфлација е проектирана на 3,4 проценти и на 2,2 проценти во 2026 година.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




