ММФ и СЗО ОЦЕНУВААТ: Кризата од 2008 е мало дете во однос на светската економија сега
Објавено во: Економија, Свет 04 Април, 2020 07:43
Никогаш претходно не сме биле сведоци на вакво запирање
на светската економија, предупредија од ММФ и Светската здравствена
организација. Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева
изјави дека финасиска помош од ММФ досега побарале над 90 земји, подготвувајќи
се за налетот на пандемијата. Според неа, светот сега е во рецесија, што е
многу полошо од глобалната финансиска криза, која се случи пред 12 години
-Најтешко погодени се економиите во развој и растечките економии, кои поради пандемијата досега маат изгубено речиси 90 милијарди американски долари. ММФ е особено загрижен за пресвртот на неодамнешниот економски раст во африканските земји, изјави Георгиева.
Директорката на ММФ истакна дека фондот сега ќе ја искористи резервата од 1 милијарда долари, кои се наменети токму за вакви вонредни со цел да им се помогне на погодените економии, вклучувајќи ги и африканските земји кои инаку би требало да избираат меѓу борбата против новиот коронавирус и хранењето на своето население. Истовремено апел пристигнува и од СЗО, од каде повикуваат државите да обезбедат бесплатно тестирање за луѓето, но и здравствено осигурување за за сите пациенти кои се инфицирани со коронавирусот.
Оттаму загрижено предупредуваат дека ако луѓето кои имаат симптоми на болеста не одат на лекар само затоа што не можат да си го дозволат тоа, во тој случај постои огрома опасност ширењето на пандемијата да продолжи и во наредните неколку месеци.
-Така само се отежнува контролата на пандемијата и го ставаат во ризик општеството, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом. Инаку, од донаторските земји за Планот за одговор на СЗО на Ковид-19, досега има собрано 690 милиони долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





