19 Мај, 2024
0.0271

Млекото во маркетите преку ноќ драстично поскапе, кој ќе ги заштити граѓаните

Објавено во: Економија 06 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Драстичен раст на цените на млекото во тетрапак низ продавниците забележуваат граѓаните, кои алармираат дека цената достигнува и до 70 денари за литар млеко. Поскапувањето како што кажуваат читатели на „Фактор“ е забележано во повеќе маркети во главниот град, а како што потенцираат биле фрапирани од големите разлики во цените за само еден ден.

-  Секој ден купуваме тетрапак трајно млеко од еден литар, најмногу за домашни потреби, и тоа низ некој од поголемите маркети во Скопје. Во средата што да видам, сите млека беа значително поскапени, дури и за дваесет денари, можеби некои помалку од 20 денари, но битно сите беа поскапени, од домашните, до турските, српските и хрватските производи, без оглед на масленоста. Ако до вчера цената на млекото беше 55 денари, сега цената на литар тетрапак ја платив 68 денари, ова беше голем шок за нас – вели Кузман Атанасов од Скопје.

Тој не е единствениот кој забележал зголемување на цените на млеката, напротив за оваа состојба алармираат голем број граѓани, кои велат неопходно е млекото како основен производ да се заштити од енормниот раст на цените.

Она што може да се забележи со еден брз преглед на летоците за промоции на поголемиот број ланци на маркети е дека недостасува понуда на млекото, иако досега млекото било меѓу редовните производи кои биле дел од промотивните понуди.

Упатените укажуваат оти растот во малопродажба не може да се должи на раст на цената на млекото купено од фармерите, бидејќи откупот на сурово млеко од фармерите и понатаму се прави по исти цени, од 11 до 18 денари за литар млеко.

-  Иако растат трошоците на фармерите бидејќи цените на ѓубривата им се значително зголемени, сепак, цената по која се откупува млекото од фармерите е иста. Зависно од количините кои ги обезбедуваат фармерите, млекото им се откупува по цени почнувајќи од 11 денари за литар. Растот на цените во малопродажба не се должи на зголемени трошоци за откуп на млеко. Дали удел имаат зголемените трошоци за нафта, струја или други трошоци не би коментирал, но сметам дека растот не е оправдан и државата треба да преземе контролни механизми за да се стопира вртоглавиот раст оти ова мошне негативно ќе влијае врз грѓаните – вели еден советник за земјоделство кој инсистираше на анонимнот.

Тој дополни дека ваквото поскапување е удар за сите граѓани, бидејќи се зголемуваат трошоците за граѓаните за основни производи, а значителниот раст на цените на млекото му наликува на воено профитерство.

Податоците на Државниот завод за статистика за цените на проиводите во малопродажба покажуваат дека во месец март годинава сме имале просечна цена за литар млеко од 56,54 денари, но се забележува дека од град во град има големи разлики. Најскапа цена за литар трајно млеко во тетрапак со масленост 3,2 отсто било забележано во Битола и тоа од 58,24 денари, додека најниска цена била забележана во Велес од 54,49 денари. Во Скопје просечната цена во месец март била 56,65 денари. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа