14 Декември, 2025
0.0920

„МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА ЈА ПРОМЕНАТ ОВАА ЗЕМЈА“: Мицкоски со порака 'иднината мора сами да ја изградиме'

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2025 20:15

Добивај вести на Viber

Вие младите не сте само иднината на оваа држава - вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво. И затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас им подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес. 

Денес, додаде тој, имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме.

- Еве го нашиот предизвик: да не дозволиме Македонија да остане заглавена во стари приказни. Да создадеме нова приказна - ваша приказна. Приказна на успех, знаење, правда и слобода. Младите на Македонија - вие сте тие што можат да ја променат оваа земја. Вие сте тие што ќе ја направат подобра. Не постои сила што може да ве запре кога верувате во себе и кога дејствувате заедно. Македонија мора да успее. И ќе успее, порача премиерот Мицкоски.

Според него, триесет години политичарите во Македонија никогаш отворено и вистински не говореле за младите, за тоа што е потребно да се направи за да тие вистински бидат среќни.

-Но и никогаш не ги слушаа што тие ни кажуваат, и тогаш кога многу работи укажуваа. Најголемиот неуспех на една држава се случува кога ќе згаснува жарот на младоста, кога младите ќе се уморат долго чекајќи да бидат слушнати и никогаш нема да дојде нивното време, рече Мицкоски.

Тоа што младите си одат од Македонија, според него, не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле.

- Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. Затоа си одат професори, доктори и луѓе на кои не им е најважна платата, туку иднината која не ја гледаат тука, системот кој ги изневерил многу пати порано. Затоа што нивните сонови беа уништувани системски и многу долго. Да погледнеме на вистината во очи. Имаме загубени генерации. Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат - порача Мицкоски.

Ова, смета тој, не е неуспех на еден човек, или само една генерација која водела политика во Македонија, туку заедничко потфрлање на сите до сега, кои не обрнале внимание на младите, кои систематски со неспособност, криминал и корупција го уништувале системот, кои не дозволиле сонот да стане реалност, кои секоја желба и мотив ја разградувале со колективните грабежи, со рушење на системот, со некадарност и грубо префрлање на вината.

- Загубените генерации не потетуваат на времето и не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни - истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е дециден дека работите може да се променат само доколку отворено се пристапува и се разговара, и ако заеднички се води борбата.

- Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ветував чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално ќе се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта - рече Мицкоски.

Но, како што потенцира, тој не ги повикува младите само да се надеваат туку да се вклучат, да се борат, да се исправат, затоа што, „никој нема да ни ја даде иднината на тацна, ќе мора сами да си ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден“.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина