15 Октомври, 2024
0.0232

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

Објавено во: Стил 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Принцот Хари и Меган Маркл се меѓу најмалку популарните членови на британското кралско семејство, според анкетата на YouGov.

Од 2.004 возрасни анкетирани, 31 отсто имале позитивно мислење за Хари, а само 26 отсто од луѓето рекле дека имаат позитивно мислење за војвотката од Сасекс.

Единствениот член на кралското семејство кој е помалку популарен од Хари и Меган е принцот Ендру, кој претходно беше поврзан со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, пренесува британски Експрес. Ендру беше директно посочен како личност од кралското семејство кој остварил сексуален контакт со девојки кои биле под 18 години, во некои од неговите посети на забавите на Епштајн, поради што беше отстранет од кралските должности.

Анкетата, која беше спроведена на почетокот на овој месец, покажа дека помладата генерација има ниско мислење за кралското семејство воопшто.

Според информациите, принцот Хари следниот месец ќе ја посети Велика Британија за да ги прослави „Непобедливите игри“, во кои учествуваат воени ветерани со посебни потреби.

„Експрес“ пишува дека не е сигурно дека Меган ќе му се придружи на својот сопруг, а коментаторот Ричард Фицвилијамс рекол дека војвотката е „особено непопуларна во Британија“ и дека не очекува таа да дојде, бидејќи последен пат ја посетила земјата за време на погребот на кралицата Елизабета II.

Популарноста на војводата и војвотката од Сасекс опадна во 2020 година, кога решија да ја напуштат Британија, а интервјуто на парот со водителката Опра Винфри и автобиографијата на Хари, Резерва, во која парот го нападна кралското семејство, ги направи уште помалку популарни во британската јавност.

Да потсетиме, Меган Маркл наводно се уште чека извинување од кралското семејство пред да се согласи да го придружува принцот Хари во Обединетото Кралство, јавуваат британските медиуми.

Кралскиот извор, Том Квин, верува дека војводата од Сасекс е целосно за планираното „помирување“ со монархијата, четири години откако тој и сопругата Меган заминаа во САД, но војвотката, наводно, не е за.

„Хари би сакал помирување, но тој целосно ја поддржува својата сопруга и додека таа не почувствува дека кралското семејство е доволно добро со неа и не се извини за минатото, тоа нема да се случи“, изјави тој за Мирор во четвртокот.