МЛАД ВОЈНИК ПОЧИНАЛ НА „КРИВОЛАК“: Се пријавил за селективен курс за специјални сили, починал на последната дисциплина
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 08:24
Генералштабот на Армијата на Р.С.Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека на 19ти јуни, околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-Карил почина припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј, на 25 годишна возраст.
Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.
Како што информираат од АРМ, професионалниот војник на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошило по што паднал во безсознание.
– Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката- Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт – информираат оттаму.
Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.
Починатиот, го отпочнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




