28 Април, 2024
0.0276

Мистериозна смрт на 39 лица во камион: фатално патување кое се повторува

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Трагедијата на луѓето пронајдени мртви во камион во Велика Британија не е прва од ваков вид во Европа и ги потенцира опасностите со кои се соочуваат мигрантите во мрежата на шверц и напорите на властите да спречат нелегална миграција.

Ужасното откритие на 39 мртви лица во приколка со камион во Велика Британија уште еднаш ги истакна опасностите што ги предизвикуваат мигрантите во потрага по подобар и побезбеден живот, но, исто така, го привлече вниманието на темниот свет на трговија со луѓе и напорите за спречување нелегална миграција, пренесуваат светските медиуми.

Истрага за убиства

Британската полиција ги започна една од најголемите истраги за убиства во последните неколку години откако телата на 39 лица беа пронајдени во камионска приколка во индустрискиот парк Есекс, пренесува „Дејли телеграф“.

Контејнер со луѓе пристигна во местото Перфлит на теснецот на Темза од белгискиот град Зебриз, на полноќ во средата. Тој ги оставил доковите половина час подоцна со камион што пристигна од Даблин преку велското пристаниште четири дена порано. Само 35 минути подоцна, полицијата била известена дека камионот се наоѓал во индустриска област во Есекс и дека телата биле мртви.

Возачот на камион Мо Робисон (25) од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, но постои можност, посочува Телеграф, дека самиот Робинсон ги имал известено властите. Извори блиски до истрагата изјавиле за Телеграф дека е „малку веројатно“ дека знаел за какви било планови за криумчарење луѓе. Температурата во приколката беше минус 25 степени и изворите велат дека луѓето веројатно починале од хипотермија.

Камионот влекач е регистриран во Бугарија, чии власти велат дека не влегол во земјата од 2017 година кога е регистриран во Варна под името на компанија во сопственост на ирски државјанин.

Британската полиција во четвртокот соопшти дека во камионот имало осум жени и 31 маж и се верува дека е од кинеска националност, јави Агенс Франс Прес.

Покрај тоа што полицијата во Велика Британија ја води најголемата истрага за убиство во таа земја од терористичкиот напад во Лондон кога загинаа 52 лица, започна истрага и од обвинителството во Белгија, која потврди дека спорниот контејнер поминал низ Зебриз, едно од најголемите и најпрометните пристаништа во светот. Сепак, сè уште не се знае каде жртвите влегле во контејнерот и дали тоа се случило во Белгија.

На денот кога беа откриени 39 мртви луѓе, полицијата во Кент, на југо-исток на Англија соопшти дека пронашла девет лица во камион што запрел на автопатот.

По медицинските прегледи, тие биле предадени на службениците за имиграција.

Страшна статистика

Веста за грозоморното откритие во Есекс предизвика гнев и ужас кај многумина во Велика Британија, вклучувајќи го и премиерот Борис Џонсон, кој рече дека е „зачуден“.

Министерката за имиграција Прими Пател изјави дека е „шокирана и тажна од овој целосно трагичен инцидент“.

Во цела Европа последниве години, луѓето во очај да најдат нов живот, посочуваст медиумите, ги загубија животите додека беа шверцувани во камиони.

БиБиСи посочува дека во 2000 година, 58 кинески мигранти биле задавени во камион во Довер, додека слична трагедија се случила во 2015 година во Австрија кога на патот е пронајден напуштен камион со тела на 71 лице.

Во Велика Британија, од 2014 година, кога беше воведен нов начин за собирање податоци за смртни случаи од мигранти, пет лица го загубија животот обидувајќи се да влезат во Велика Британија илегално, според британската служба. Меѓународната организација за миграција започна да бележи смртни случаи кога илегално влегоа во земјата во 2014 година, по зголемената миграција во Европа од Блискиот исток.

Foto: EPA


Можеби ќе ве интересира

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец