26 Април, 2024
0.0410

МИНИСТРЕ СПАСОВСКИ: Жените не и веруваат на полицијата, бидејќи вашите припадници не постапуваат по пријавите на жртвите

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Платформата за родова еднаквост бара од Министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. 

„Со жалење заклучуваме дека иако сте Министер за внатрешни работи веќе втор мандат, ние во практика не гледаме никакво унапредување во однос на постапувањето на полицијата во ваквите случаи. Дури и најдобрите закони во областа нема да имаат ефект, доколку полицијата продолжи со непрофесионално постапување, засновано на лични и произволни ставови засновани на родови стереотипи и предрасуди“, рече Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост изјави.

Од Платформата за родова еднаквост велат дека жените не веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно, поради практиките на непостапување, неверување и релативизирање на искуства на жртвите, изрекување на прекршочни санкции и опомени за насилниците, наместо документирани и аргументирани кривични пријави, како и несоодветно спроведување на забраните за приближување и контактирање на жртвите што резултира со континуирано, засилено насилството, често со сериозни последици по здравјето на жртвите, а во голем број случаи и смрт.

Здруженијата истакнаа дека во полицијата постои непотизам, корупција и култура на прикривање на пропусти меѓу полициските службеници, поради кои насилниците поминуваат несанкционирано, а жртвите губат верба во системот. Сметаат дека отсуството на санкции за полициски службеници кои се сторители на насилство кон жени, особено кон маргинализирани групи на жени како Ромки, сексуални работнички, бездомнички и други, е уште еден показател дека наместо да владее правото, владее моќта на посилниот. 

„Искуствата на жените на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги и во чие име застапуваме промени во законската рамка и навремен, професионален однос на службите кои постојат за да обезбедат нивна заштита, покажуваат дека случаите во кои полицијата соодветно постапува се исклучок, а не правило. Секторот за внатрешна контрола во своето постапување, нема волја соодветно да ги истражи случаите и бара жртвите да докажуваат несоодветно постапување, додека сите доказни средства се во рацете на полицијата“, рече Јовановска. 

Тие побараа итна испорака на конкретни резултати по барања со рок до 8ми март, кои ќе покажат дека конечно се преземаат мерки за унапредување на состојбите. 

Во продолжение се барањата кои Платформата за родова еднаквост ги упати до министерот, Оливер Спасовски: 

Кривичен прогон на сторителите од случајот Јавна соба и за полнолетните жртви во случајот, а не само за делото „производство и дистрибуција на детска порнографија“. 

Кривични пријави од МВР против сторителите од Јавна соба за делата „злоупотреба на лични податоци“, „посредување во вршење проституција“, „загрозување на безбедноста“ или „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, зависно од околностите на случајот. 

Започнување на процес на прочистување на полицијата од полициски службеници сторители на насилство врз жени и нивно санкционирање. 

Донесување, фактична и доследна примена на внатрешна политика за ефикасно санкционирање на сите полициски службеници кои ги повредиле правата на жртвите на родово засновано насилство преку непрофесионално постапување или пропуштање да се преземат мерки, како и континуирана стручна едукација за постапување во случаи на родово базирано насилство. 

Иницирање измени и дополнувања во Законот за полиција и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи со внесување на специјални одредби за постапување во случаи на родово засновано насилство и нивно усогласување со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. (Истанбулска конвенција). 

Преземање мерки за конечно да започне со работа телото Омбудсман Плус и да се креираат услови за истото да прерасне во ефикасен, ефективен и независен механизам за граѓанска контрола над полицијата. 

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица