Министерството за економија започна да ги исплаќа ваучерите за домашен туризам, најголемата заработка засега е 50.000 евра
Објавено во: Економија 18 Септември, 2020 07:02
Министерството за економија започна со исплата на ваучерите на туристичките капацитети кои од јули започнаа со сместување на граѓаните-добитници на оваа економска мерка за справување со економските последици предизвикани од пандемијата.
Првите средства се исплаќаат во последните петнаесетина дена, а засега според она што може да се види од извршените трансакции, туристите кои добија ваучери, на почетокот најмногу летувале во Инекс Дрим, хотелот во Струга, на кого му се исплатени 50.000 евра до 10 септември.
Следуваат хотелот Манастир во Берово со 450.000 денари, Полин во Стар Дојран до сега добил 438.000, на ХСХ ГРУП ДОО Скопје кој стопанисува до Хотел La Terrazza во Дојран му се префрлени 408.000, Хотел Уникат Охрид првично наплатил 372.000, а Фибула за Изгрев Струга добил 342.000 денари засега.
До Министерството за економија до сега пристигнале околу 7.000 фактури, но од таму велат дека исплатата доцнела поради предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.
„Исплатата на Фактурата за искористени ваучери оди согласно планираната динамика и истите веке се исплатени за месец Јули. Досега се искористени нешто над 30.000 ваучери за поддршка на домашниот туризам.
Фактурите кои не се комплетни или немаат целосна документација останале неисплатени до моментот на комплетирање од страна на странките, за што истите се известени.
Досега во Министерство за економија се пристигнати близу 7.000 фактури од кои повеке од 70% се процесирани со Решение за исплата, 30% се во фаза на проверка и истите тековно се работа од страна на Комисијата и Секторот.
Што се однесува на прашањето за доцнење на исплатата , тоа беше во текот на јули месец кога имавеме формирање на Влада и именување на Министри и истото траеше до Моментот на добивање на Овластување од страна на Министерот, во моментот од страна на Министерството за економија исплатата на Фактурите се одвива согласно динамиката“, гласи објаснувањето од Министерството за економија.
Не само хотелите, туку и сите што поседуваат вили, апартмани, како и станоиздавачите може да работат со ваучерите за туризам. Но, услов за тоа беше овие сместувачки капацитети да се регистрираат и да се категоризираат на Платформата на Министерството за економија, доколку сакаат корисниците кај нив да ги трошат туристичките ваучери.
Сите хотелиери, но и газдите на другите сметстувачки капацитетите, како што се вилите, апартманите и станоиздавачите, оваа процедура требаше да ја завршат до 30 јуни годинава.
Теоретски вкупно треба да бидат издадени 117.122 ваучери за домашен туризам, кои треба да бидат искористени до 15 декември. Во игра беа вкупно 4.286 угостителски објекти за сместување. Тука спаѓаат 256 хотели, потоа 130 вили , апартмани, хостели, студентски преноќишта и одморалишта, како и близу 4.000 физички лица, односно станоиздавачи кои нудат приватно сместување.
Инаку, согласно оваа владина мерка, над 117 илјади граѓани, кои ги исполнуваат критериумите што ги предвиде Владата и ги стави на листата, добиваат ваучер од шест илјади денари за домашен туризам.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“




