06 Мај, 2024
0.0243

МИНИСТЕРСКИ РОТАЦИИ: Со колкаво богатство располага идната министерка за правда Дескоска?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Ако некој досега можеби најмногу ќе се вложеше да го стоми образованието и оставаше таков впечаток беше тоа министерката која е дел од владината реконструкција.

Неодамна беше донесен нов Закон за високо образование кој влеа мала надеж за подобар образовен систем, чекор по чекор. Дали сегашниот заменик министер Арбр Адеми ќе го продолжи патот кој го започна Дескоска ќе видиме во најскоро време.

Како што беше информирана јавноста, Рената Дескоска ќе го управува кормилото во Министерството за правда.

Со каков имот располага?

Ниту куќа, ниту стан има на свое име идната министерка за правда, ама затоа има хонорари и сметки од банка, без податок за сумите.

Според анкетниот лист објавен на страницата на Државна комисија за спречување корупција Дескоска од заеднички имот пријавила благородни метали и моторно возило „Мазда“ проценето на 400 илјади денари.

Од заеднички имот пријавила накит проценет на 600 илјади денари.


Што пишува во нејзината биографија?

Рената Дескоска (моминско презиме, Тренеска) е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. 

Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки. 

По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. Рената Дескоска живее во Скопје и е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години