Добивај вести на Viber
Деканот на Факултетот за механичко инженерство на Политехничкиот универзитет во Тирана Андонач Лондо се огласи во одбрана на македонскиот министер за образование Абдилаќим Адеми.
Според Лондо, податоците од регистерот на дипломи на овој универзитет покажуваат дека Адеми започнал со студиите на овој факултет во 1988 година, а дипломирал во јуни 1996 година.
Со ова тој ги демантира наводите на албанскиот аналитичар Кастриот Мифтарај дека ја купил дипломата од Тирана.
Адеми, пак, самиот откри дека најпрвин студирал на Факултетот за рударство и металургија во Косовска Митровица, каде ги завршил првите две години од студиите, а потоа продолжил во Тирана, каде преостанатите две години ги студирал од 1988 до 1996 година.