02 Јуни, 2024
0.0282

Министерот за финансии и гувернерот на НБРМ на економски форум во Брисел

Објавено во: Економија 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии на Република Македонија, Кирил Миноски, заедно со гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов и нивни тимови, се во работна посета Европскиот совет во Брисел, како дел на 18-тиот „економско-финансиски дијалог на Европската унија со земјите од Западниот Балкан и Турција“.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на овој состанок каде во име на Унијата беа присутни и еврокомесарите Валдис Домбровскис и Гинтер Отинген, како и претставници на Советот на ЕУ, Миноски и Богов го претставија планот за економско-финансиско делување на македонската држава во иднина, што беше поздравен од страна на претставниците на Европската унија.

– Денеска присуствувавме на дијалогот меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан и Турција, кој е всушност економско-финансиски дијалог. На овој состанок се разговараше за заклучоците по однос на документот што се однесува на програмата за економски реформи, при што во текот на состанокот беше поздравен прогресот што е направен во изминатиот временски период во однос на подобрувањето на деловното опкружување во Македонија и низа други реформи што се спроведени. Ни беа дадени одредени сугестии во однос на идните подрачја каде треба да се стави фокусот, а пред се, тоа се прашањата поврзани со реформите на пазарот на трудот, продолжување на активностите поврзани со реформата на управувањето со јавни финансии и низа други заклучоци, изјави Миноски по завршувањето на дијалогот.

Гувернерот Богов, пак, посочи дека во заклучоците од денешната средба, Европската унија ја поздравува добрата монетарна политика што ја води Централната банка и стабилниот банкарски систем во Македонија.

– Исто така, ЕУ ни даде свои препораки за одредени подобрувања, а на тие подобрувања, нормално, ние, но и со нивна помош редовно се работи, а тоа е понатамошно намалување на обемот на нефункционални кредити и натамошно намалување на евроизацијата. Се работи за т.н. процес на де-евроизација, односно поголемо учество на денарските депозити во вкупните депозити во банкарскио систем, образложи гувернерот Богов.

Како главен заклучок од денешниот дијалог на ЕУ зо земјите од Западен Балкан плус Турција, во однос на Македонија се забележува дека „земјата остварува економски напредок, но забавено во однос на прогнозите, поради долготрајната политичка криза“.


Можеби ќе ве интересира

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците