МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ГО ИСТРЧА ПОЛУМАРАТОНОТ: За саат и 47 минути претрча 21 километар
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2023 11:37
Министерoт за земјоделство,
шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше еден од 11.000-те учесниците
на денешниот маратон во Скопје. На 9. Издание на Виз Ер Скопски маратон во
нашиот главен град денеска дојодоа натпреварувачи од 53 држави.
Поради маратонот,
до 15 часот низ скопските улици ќе има посебен режим на сообраќај.
Организаторите на Виз Ер Скопски маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги
почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните
решенија за сообраќај.
Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).
Одржувањето на Виз Ер Скопски маратон 2023, покрај генералниот спонзор Виз Ер, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на Европската Унија, Македонски олимписки комитет и други спонзори.
ФОТО: ФБМожеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




