28 Март, 2024
0.0248

МИНИМАЛЕЦОТ НЕМА ДА ГО ПОДОБРИ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ, но ќе го сочува она што го имале

Објавено во: Финансии 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Растот на минималецот нема да го подобри животниот стандард на граѓаните, но барем ќе го сочува оној кој го имале пред ценовното „цунами“, велат домашните економски експерти  и додаваат дека куповната моќ ќе може да се одржи на исто ниво како претходно.

- Во услови на драстично зголемување на цените, примателите на минималната плата се помеѓу најзасегнатите, затоа што трошоците за храна имаат доминантно учество во нивните вкупни трошоци. Според цени од 2012, првата година кога минималната плата беше воведена, денешната вредност на минималната плата, односно вредноста која го зема предвид порастот на цените, изнесува 15,830 денари, скоро колку вредноста во 2022 (15,886 денари), а приближно двојно од нејзината почетна вредност во 2012 (8,050 денари) – вели Благица Петрески, главен економист при Институтот за економски истражувања и политики.

Петрески за Фактор појаснува дека со усогласувањето на минималната плата на 20,175 денари, нејзината куповна моќ е задржана, со тоа и животниот стандард на граѓаните е на исто ниво како и пред зголемувањето на цените. 

- Големиот претходен пораст на минималната плата, од 15.194 на 18.000 кога порастот на цените не беше се’ уште изразен како што е сега, имаше мал, но не и незначителен удел во ценовниот раст. Доколку и другите плати следат тренд на пораст кој го надминува ценовниот пораст во значајна мера, тоа би ги подгреало инфлациските очекувања и би предизвикало дополнителен ценовен притисок, што претставува ризик за стабилизацијата на стапката на инфлација на среден рок, како и понатамошен притисок за каматните стапки. Оттука, за да не влеземе во опасното сценарио на спирала на плати и цени, неопходна е монетарната политика да остане на линијата на затегнување најмалку додека не видиме целосно смирување на ваквите очекувања, а уште поклучно е фискалната политика да даде целосна поддршка во остварување на целта за стабилизација на цените преку исклучителна внимателност во трошењата кои може да го одржат ценовниот притисок – објаснува Петрески.

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за Фактор посочува оти со носењето на сега веќе системско решение, се надминува еден долгогодишен проблем.  

- Сега веќе е системско решение растот на минималецот. Порастот на минималната плата овој пат се должи на растот на БДП и на растот на инфлацијата. Овој пат поголем притисок секако изврши инфлацијата бидејќи имавме голем раст на цените на производите. Со тоа што имаме воспоставен систем за начин на пресметка на минималната плата, кој мора да се почитува, истиот ќе овозможи заштита на животниот стандард на граѓаните. Овој пат поголем притисок врз растот на минималецот предизвика инфлацијата, и тоа беше главната цел на системот кој беше договорен. Сепак ова не значи дека ќе значајно ќе порасне животниот стандард на граѓаните, но ќе помогне да се зачува оној кој досега го имале – укажа Узунов.

Професорот потенцира дека растот на минималната плата, не значи и раст на другите плати во земјава, и потенцира дека тие зависат од успешноста на компаниите, но и од досегашните инвестиции во новини.

-  Платите зависат од можностите на компаниите, од нивната успешност, и дали досега вложувале во нивниот развој со цел нели поголема заработка, а со тоа и повеќе пари за раст на платите на вработените. Во земајва веќе имаме успешните фирми кои даваат повисоки плати од просекот и веќе имаме раст на другите плати над минималецот. Важно е компаниите да го зголемат учинокот, да инвестираат во нова технологија, во новнини кои носат раст, со што ќе обезбедат поголеми приливи и повеќе пари за работниците. На растот на минималецот не треба да се гледа со негативен став, битно е што е воспоставен системот и што со неговото носење се штити стандардот на граѓаните, поточно на оние кои имаат најмали примања – дополнува Узунов.

Професорот воедно потенцира дека граѓаните кои имаат за нијанса повисоки плати од минималецот и не се задоволни од платите, на располагање имаат можноста да се пренасоцат, односно да изучат некој курс за дејности каде има подобри плати.

- Изминативе години имаме сектори чии плати значително пораснаа, што најмногу се должи на недостиг на работници, како плочкари, електричари, физиотерапевти... Може секој што не е задоволен да се пренаосчи, да оди на обука за друга дејност и да најде работа во друга област. За жал тоа е суштината на пазарната економија, на која ние не сме многу навикнати. Адаптацијата е неопходна, и секаде во светот тоа се практикува. Дури луѓето работат по две работи, за да имаат поголеми приходи во домаќинството – дополнува Узунов.

Со последната одлука минималецот од март изнесува 20.175 денари. За потсетување прв пат минимална плата беше воведена во 2012 година и тогаш беше договорено да знесува 8.050 денари, но имаше отстапки, однсоно не важеше за сите работници.

За споредба од земјите во регионот, Македонија има скоро најниска минимална плата, и истата изразена во евра достигнува 328 евра. Понизок минималец има во Босна и Херцеговина, каде истиот достигнува 280 евра. Но, ниту во соседна Албанија минималната плата не е драстично поголема и таму според последните податоци изнесува 243 евра.

Имено во соседна Србија минималецот изнесува 363 евра. Во Црна Гора минималната плата изнесува 450 евра.

Додека во Хрватска која е земја членка на унијата минималната плата е 500 евра. Словенија е исто така уште една земја членка на унијата и таму минималецот достигнува 878 евра.

Соседна Бугарија со најниска минимална плата од земјите членки на унијата исплаќа 332 евра, додека пак во Грција минималецот достигнува 774 евра.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“