14 Декември, 2025
0.0362

Минијатурa од тркачко Порше изработено од италијанскиот уметник Габриеле Франко подарок од Вуков за СН Групацијата

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2023 11:23

Добивај вести на Viber

Минијатура од тркачкото порше со кое македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков се тркаше на патеките на Формула, во СН Мото Центарот во Скопје му беше врачена на Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски.

Минијатурниот автомобил му го врачи лично Вуков во знак на благодарност за поддршката која СН Групацијата ја овозможи за учеството на македонскиот тим на годинашниот Порше Супер Куп.

Минијатурата е автеничено изработена во Италија во размер 1 према 18 и во целост  одговара на тркачкото возило Порше 992 ГТ3,модел со 510 коњски сили. Во продукцијата на минијатурата е вклучена и рачна изработка за што беше задолжен реномираниот италијански уметник Габриеле Франко.

„Ова е само мал гест со кој сакам да се заблагодарам на СН Групацијата за поддршката за моето учество на Порше Супер Купот. Многу ми значи што СН Групацијата ги препозна моите напори и напорите на мојот тим. Трките од Порше Суперкупот спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво. Колкаво е нивното значење зборува податокот дека тие се возат заедно со Формула 1 веќе три децении. Затоа за мене е голема чест и задоволство не само да се учестува на еден ваков светски куп, туку и затоа што врвни компании  застанаа во наша поддршка.“-изјави Вуков.

СН Осигурителен брокер АД Битола и СНМото центарот во Скопје, како дел од СН Групацијата, во улога на генерални спонзори обезбедија поддршка за учеството на Вуковна годинашниот суперкуп.

„Горди сме што Вуков, кој на патеките на Формула возеше под логото на СН Групацијата, е првиот и досега единствен Македонец на Порше Супер купот. Голем предизвик е да се влезе во трка со најдобрите возачи од целиот свет. СН Групацијата ја препозна неговата посветеност и затоа чест ни е што обезбедивме поддршка за учеството на македонскиот тим на светски престижните трки. Големите предизвици заслужуваат голема поддршка и ние веруваме дека за Омбра тимот допрва ќе се слуша.“-изјави Кондовски, посакувајќи му успех во натамошната кариера на младиот талентиран автомобилист.

Инаку, Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Купот на Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојува поени. Годинава тој настапи во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Вуков, зад себе го има искуството на двократен европски шампион вокартинг и единствен тогашен претставник од Балканот на Светското првенство во оваакатегорија (2008-2009). По одличните резултати, се префрлува во автомобилизмот, кадепостигнува значајни успеси на домашната, како и на меѓународната сцена.

Тој е актуелен шампион на Македонија во класата Југо хибрид и првак во отворенотопрвенство на Србија во силна и бројна конкуренција. На крајот, неизбежно беше послесите овие резултати, во 2020 година, Рико да ја добие поканата од GDL Racing за да биденивниот пилот во престижниот Порше Карера Куп Италија, каде настапуваше три годинипо ред.

Оваа сезона неговата кариера ја одбележа префрлањето во Порше Суперкупот, кое енајвисока форма на овие трки со легендарните ГТ возила.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија