19 Мај, 2024
0.0277

Милошоски: Заев требаше да наседне само еднаш, а не три пати

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, се јави со своја детална анализа за објавените разговори со премиерот Зоран Заев во кои е во заблуда дека разговара со поранешпниот претседател на Украин, петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенверг, а всушност комуницира со двајца руски комичари. Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека доколку Заев ги запазувал процедурите ќе бил „пренкнат“ само еднаш, а не три пати.

„Доколку Заев го известел МНР Димитров за разговорот со "лажниот Порошенко" во Август 2018, и МНР ја известел нашата амбасада во Киев, македонските дипломати ќе биле обврзани да стапат во контакт со украинското МНР и кабинетот на претседателот на Украина, да направат follow up на темите на разговор, и да утврдат динамика на реализација на дел од заложбите и идеите на двајцата државници, согласно она што го разговарале телефонски. 

При таква една уредна дипломатска постапка лесно ќе се утврдело дека станува збор за комичарска или можеби шпиунска местенка и вториот и третиот разговор воопшто немало да се случат, а со тоа ќе се намалеле ризиците за понатамошно нарушување од страна на Заев на тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, дополнителното нарушување на угледот на државата, како и нанесувањето на дополнителна штета на меѓусебната доверба на Германија, Грција, САД и Русија кон Македонија заради откривање на нивни чувствителни меѓународни позиции или ругање на некои од нивните државници.

Ова што се случило со Заев и "лажниот Порошенко" е сериозен дипломатски скандал во низа, со многу штетни последици за репутацијата на македонските дипломати, и со реална мерлива штета за угледот на Македонија!“, тврди Милошоски.

Според пратеникот, Заев не само што три пати е насамарен од пренк-комичари од Русија во август 2018, јануари 2019 и април 2019,  туку како што вели тој, како премиер ги има нарушено дипломатските протоколи за меѓудржавна комуникација, тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија,  угледот на државата и довербата кај трети држави како САД, Германија, Грција, Русија со тоа што открива доверливи разговори и нивни позиции кон чувствителни регионални и меѓународни прашања.

„Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи. Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила.

Првиот телефонски разговор на Заев со "лажниот Порошенко" се случил август 2018та. Иако премиерот Заев го остварил лажниот разговор на начин спротивен на дипломатскиот протокол за меѓудржавна комуникација, тој сепак после тоа морал усно или писмено да го запознае министерот за надворешни Димитров за содржината на разговорот, а советникот Талевски морал да изготви писмена белешка за темите од разговорот. Зависно од темите, писмената белешка можела да биде класифицирана како државна тајна или строго доверливо. Потоа МНР Димитров бил должен со таквата белешка да ги запознае Претседателот на државата, нашиот амбасадор/ вршители на должност во амбасадата во Киев, директорите во МНР за европски и воневропски држави, а по негова проценка и нашите највисоки дипломати во Москва, во Берлин, Атина и во Вашингтон“, 

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама