14 Декември, 2025
0.4333

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2023 19:53

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на Сител ТВ, одби да ја коментира пораката која екс премиерот Никола Груевски му ја упати денеска на социјалната мрежа Фејсбук. 

„Не би коментирал. Би сакал исто ко и она што беше кажано претходно да му пожелам добро здравје. Нека се занимава што смета дека се негови приоритети, нека си пишува за своите приоритети итн., дали тоа се лични или политички, не е битно“, изјави Милошоски вечерва во Тема на денот на ТВ Сител.

За потсетување, претходно денеска Груевски на Фејсбук напиша дека имал многу што да каже за Милошоски. 

„Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот. Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден. Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“, му порача Груевски на Милошоски.

Трет ден по ред продолжуваа јавните препукувања меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски. 

Има многу обвинувања за тоа кој имал тајни разговори со власта за уставни измени. Груевски тврди дека тој немал такви разговори.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина