03 Мај, 2024
0.0283

Милошоски: Фатиме Фетаи најдобро знае дека Заев ги имал снимките, тие биле и работени во СЈО

Објавено во: Македонија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонио Милошоски за кој излегоа „бобмби“ во претходните денови, на својот фејсбук профил напиша дека обвинителката Фатиме Фетаи, како што вели „најдобро знае дека лидерот на СДСМ Зоран Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за мене во 2011 година“.

Што натаму напиша Милошоски?

„Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во Февруари 2018-та, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6-тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО. Ова докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО, и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело“, пишува Милошоски.

Копиите, според него, кои ги поседува Заев се илјадници на број и опфаќаат приватни, деловни, службени и политички разговори на пратеници, лидери на неколку политички партии, влијателни стопанственици, истакнати новинари и неколку сопственици на медиуми. 

„Заев и досега ги злоупотребувал и во иднина (во потесен круг, лично со жртвите или јавно) ќе ги злоупотребува овие снимки за уцени, политички притисок и медиумска послушност и стопанско рекетирање, а се со цел тој да се спаси од одговорност. Но, времето на З.З. завршува. Како дојде, така ќе си оди. Ако прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка. Но, и ако не прифати, исто му се фаќа“, пишува Милошоски.

Викендов, пак, претседателот на СДСМ Заев изјави дека тој воопшто го немал кај себе материјалот од аудио снимките на кој се слуша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски, како разговара со екс претседателот на Врховен Вангеловски. Се што псоедувале од прислушувани разговори во СДСМ биле доставени до СЈО.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите