14 Декември, 2025
0.0396

Милош Вучевиќ е новиот лидер на СНС

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 15:28

Добивај вести на Viber

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ е избран за нов претседател на Српската напредна странка. Тој е новиот лидер и доаѓа на местото на српскиот претседател Александар Вучиќ кој се повлече од партиската функција. 

Во Крагуевац денеска во салата „Езеро“ се одржа Изборната седница на Српската напредна странка. 

„Подготвени сме да разговараме со сите политички партии за прашањето за можни предвремени избори, датумот на изборите… Не разговаравме за реконструкција на Владата на Србија, ниту денеска, ниту претходните денови. Тоа што го кажав по претседателските избори СНС, дека тоа што го кажа Александар е аксиома за СНС-нема преодна влада на Србија. Владата се формира само врз основа на мнозинството во Собранието, а се добива со поддршка на граѓаните на избирачките места, односно на изборите. За ова не се разговара и не оставаме ни милиметар простор некој да си замисли дека нешто ќе направи или како да ја преземе власта. Власта ја преземате кога ќе добиете мнозинска поддршка од гласачите“, изјави  Вучевиќ.

Вучевиќ е роден во Нови Сад на 10 декември 1974 година. Тој е правник и политичар. Стана градоначалник на Нови Сад за прв пат по изборот во 2012 година, за да биде реизбран на изборите за градоначалник во 2016 година, а историски по трет пат стана градоначалник на Нови Сад на изборите во 2020 година.

Основно училиште учел во родниот град, а потоа дипломирал во гимназијата Јан Колар во Бачки Петровац и дипломирал на Правниот факултет во Нови Сад во 1999 година. Со адвокатура се занимава од 1999 година во неговата приватна адвокатска канцеларија.

Тој е претседател на Градскиот комитет на Српската напредна партија од Нови Сад. Вучевиќ е избран за претседател на Градскиот комитет на Српската напредна партија во Нови Сад на изборите во партијата на локално ниво одржани во 2011 година. За градоначалник на Нови Сад беше избран во септември 2012 година, по што престана да работи како адвокат. Беше член на Одборот на директори на Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од 2015 до 2016 година. По локалните избори во 2016 година, Вучевиќ е реизбран за градоначалник на Нови Сад втор последователен мандат. Таа година стана и потпретседател на Српската напредна странка. Добитник е на повеќе награди. 

фото Фејсбук Милош Вучевиќ

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?