Милионерите го штитат богатството преку недвижнини
Објавено во: Финансии 03 Март, 2016
Откако ја преживеаја најлошата година од финансиската криза, светските милионери се позабележано купуваат куќи како би го зашититиле имотот од крахови на финансиските пазари.
Според извештајот на британската агенција за недвижнини „Knight Frank“, лани бројот на ултрабогаташи со имот повреден од 30 милиони долари паднал за три посто. Тоа е прв, но и најостар годишен пад од финансиската криза, а причината треба да се бара во ниските цени на сировините што резултирало со колебливост на берзите и бавен економски раст.
Повеќе од вредноста на светските акции
Така светот во последните дена на минатата година броел 187.500 богаташи. Оваа група контролира вредност на имотот oд 19,3 милиони долари, додека една година претходно во рацете имаа 22 милијарди долари. Ако скалата би се спуштила на луѓе со имот во вредност од повеќе од еден милион долари, исто така, е забележливо опаѓање. Извештајот покажува дека минатата година со таа титула можеле да се пофалат 13,3 милиони луѓе, 300.000 помалку отколку во 2014 година. Сепак, имотот кој го контролираат и понатаму е импресивен.
Имено, светските милионери контролираат повеќе од 66 милиони долари што е повеќе од вредноста на сите светски акции. Но „Knight Frank Wealth Report“ предвидува дека ланскиот пад на бројот на милионери е неславна епизода и дека до 2025 светот ќе го сочинуваат дури 18 милиони богаташи. Најголема загуба на богаташите се бележи во Бразил, најмногу поради падот на вредноста на валутата за третина. Така во Бразил сега се наоѓаат 3908 лица побогати од 30 милиони долари што е 12 посто помалку отколку во 2014 година.
Русите најмногу сакаат недвижнини
Во САД бројот на богаташи се намалил за два посто на 65.713 лица. Извештајот покажува како вложувањето во недвижнини станало многу популарно меѓу богаташите, што се препишува на потргата за „сигурно пристаниште“ во услови на берзански колебања. Имено, 35 посто од имотот на просечен богаташ е вложено во недвижнини и слични проекти. Таа инвестициска класа го следи вложувањето во финансиски инструменти во кои 28 посто е имот. Вложувањето во недвижнини посебно станало популарно меѓу богаташите од Русија и Заедницата на независни држава (ЗНД)