12 Мај, 2024
0.0180

МИЛИОН ЛУЃЕ ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НА ПОГРЕБОТ НА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА: Кочијата со ковчегот ќе ја влечат 142 членови на Кралската морнарица

Објавено во: Спорт 19 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во Лондон се е подготвено за последното збогување со кралицата Елизабета Втора, која денеска ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ во палатата Виндзор.

Милиметарски прецизен протокол бара максимална посветеност. Нсатанот се подготвувала со децении. Деновиве низ улиците на Лондон се одржаа последните детални проби пропратени со звуците на гајдите и тапаните на учесниците на поворката.

На церемонијата ќе присуствуваат дури петстотини шефови на држави или влади и највисоки меѓународни претставници, кои ќе бидат меѓу двете илјади ВИП гости. Тоа ќе биде голем организациски и безбедносен предизвик. Велат, најголемиот што некогаш постоел на островот, поголем дури и од Олимписките игри. Десет илјади полицајци ќе се грижат за редот и мирот.

На погребот доаѓа и јапонскиот император Нарухито, кому ова му е првпат да ја напушти својата земја по искачувањето на тронот во 2019 година. Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга веќе пристигнаа во Лондон, каде се наоѓа и канадскиот премиер Трудо. Меѓу високите личности е и шефот на француската држава Емануел Макрон со неговата сопруга Брижит. На збогувањето ќе присуствуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел, претседателот на Турција Реџеп, Таип Ердоган, бразилскиот Жаир Болсонаро, принцот од Монако Алберт Втори, шпанскиот крал Фелипе Шести, неговиот татко Хуан Карлос, кој сега живее во ОАЕ, саудискиот принц Мохамед ел Салман... Поканата не е испратена до претставниците на Русија и Белорусија.

Управата на лондонскиот градски превоз соопшти дека се подготвува за денешното пристигнување на околу еден милион луѓе во главниот град на Велика Британија на погребот на кралицата Елизабета Втора. Низ целата земја, ќе бидат распоредени дополнителни 250 возови, вклучително и од ноќните возења. Истовремено, повеќе од 100 летови на аеродромот Хитроу ќе бидат откажани за да се спречи бучавата од авионите да го наруши погребот.

Ковчегот на кралицата на кочија ќе помине 37 километри од Вестминстер до Виндзор. Ќе го влечат 142 членови на Кралската морнарица. Ова беше воведено затоа што за време на погребот на кралицата Викторија во 1901 година, вознемирените коњи во еден момент предизвикаа метеж и паника, па правилото оттогаш е променето.

ФОТО: EPA