20 Декември, 2025
0.0603

МИЛЕВСКИ ГО НАПУШТА МИНИСТЕРСТКОТО СТОЛЧЕ, НО ОСТАВКАТА НЕ Е СТИГНАТА ДО ВЛАДАТА: Се водат разговори и за лидерската позиција во ЛДП

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2022 14:56

Добивај вести на Viber

До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба.

Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.

-После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев. Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избарана на 16 јануари годинава.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки