Миле Лефков: Не може да има помош со закон за семејствата од Кочани додека трае истрагата
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2025 10:51
Миле Лефков, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, во емисијата „Што мисли народот“ на локалната ТВ Стар рече дека владеачкото мнозинство нема да го поддржи предлог-законот за помош, односно з аобештетување на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, затоа што, како што рече тој, не е завршена истрагата на Обвинителството и нема уште официјално обвинение.
Според Лефков, најлегитимно би било семејствата на настраданите и повредените да почекаат да заврши процесот па потоа преку судска постапка да бараат обештетување. Како што рече пратеникот, предлог-законот поднесен од Оливер Спасовски од СДСМ би можел да влијае на постапката.
- Ако тргнете да правите вакви закони додека не се формулирани обвиненијата, со тоа директно се влијае на истрагата. Истрагата ќе трае уште 14 дена за 11 полициски службеници, обвинителството не ги формулирало поединечните обвиненија, и сега јас да тргнам по паметот на министер кој девет години работел со сектор кој што се прослави со фалсификувани исправи. Со судска постапка се бара обештетуивање,тогаш сме спремни на барање на судската фела , на стручната јавност, истото да биде формулирано со закон, рече Лефков синоќа во студиото на штипската телевизија.
СДСМ повторно поднесе предлог-законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, но овој пат по редовна постапка. Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите да им се даде надомест од 80.000 евра, додека пак сите оние кои што се со повреди, зависно од степенот на инвалидитетот, да се одреди сумата којашто треба да ја добијат.
Според Лефков,државата веќе помогнала со тоа што преку министерот за надворешни делупваше и министерот за внатрешни работи успешно биле искоординирани летовите и лекувањето во странство, а за условите за работа со пациентите во кочанската болница ја обвини опозицијата.
- Но опременоста е предизвик и потребна е реконструкција на болниците. Јавноста треба да знае дека општеството има своја инертност. Бенко филипче кога беше министер рече дека има физибилити студија за таа да биде затворена, па да биде центар за ампутација и сега треба тоа да се сопре и да влеземе во реконструкција на болницата која не била реконструирана 43 години, додаде ЛЕфков.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




