26 Април, 2024
0.0295

Миле Јанакиески со условна казна за „Шамари во Центар“, за Груевски година и пол затвор

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, е осуден на една година и шест месеци за организација на случајот „Шамари во Центар“, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има одлука од една година затвор условно доколку во наредните четири години не направи кривично дело.

Кривичниот суд заклучи дека група граѓани ги малтретирале и силно тропале по бараката број 6 и цело време ги отвирале прозорците.и довикувале пред Општина Центар додека се носеле одлуки за урбанистичкиот план.

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел и од поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го отвори овој случај, побара максимални казни за обвинетите.

Билјана Чурилова, советничката во општината, се здобила со повреда, а била скршена и влезната врата преку која се стигнува до салата за седници. Оваа состојвбасо закани траела се до пристигнувањето на странските амбасадори, а кај советниците е предизвикана состојба на несигурност.

Од внатре по телефонска врска Димче Крстев, за кого е изречена мерка за безбедност, Александар Трајковски Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски Трајко Пецевски и Мирко Стојчев го известувале Миле Јанакиески за состојбата. Повеќето од нив на денешното рочиште добија условни казни.

Оштетените советници од опозицијата се упатуваат на спор со можност да тужат за оштета.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите