Милановиќ: Ова во Украина е крај на руско-српска романса, Србија е измамена љубовница
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2023 14:10
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се објаснуваше за спорната изјава за Косово.
Сега вели дека Србија некако ќе мора да го признае, иако тоа нема да им се допадне.
„Дали Србија сама го отстапи Косово? Србија остана без Косово, но не го даде доброволно, го изгуби во војна“, кажа хрватскиот претседател.
Вели дека не забележал вознемиреност кај луѓето на Косово, туку само некои дилеми. Според Милановиќ, Србија ќе мора да направи промени за да се приклучи на Западот.
„Ова во Украина е крај на една руско-српска романса, Србија ќе сфати дека е измамена љубовница или љубовник. На Русија тоа Косово ѝ стрчи, ќе мора кога тогаш да го признае Косово за да го легализираат ова што го прават во Украина. Тие мора да сфатат дека ѝ пречат на Русија, нема тука љубов, само интерес. Тие ѝ послужија на Русија да спроведе некои свои намери“, кажа Милановиќ.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени денес дека претседателот Зоран Милановиќ со своите изјави „го урива надворешнополитичкиот кредибилитет на Хрватска“.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




