„МИЛАНОВИЌ Е КАКО ОРБАН И ДОДИК“: Британски „Гардијан“ за хрватскиот претседател
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2023 21:33
Претседателот на
Хрватска Зоран Милановиќ ги критикуваше западните земји за снабдување на
Украина со тенкови и друго оружје и порача дека Крим никогаш повеќе нема да
биде дел од Украина, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.
Весникот пишува дека во разговор со новинарите во Загреб, Милановиќ рекол дека е „против испраќање какво било оружје“ во Украина и дека снабдувањето на Украина со оружје само ја продолжува војната.
Тие ја наведуваат и изјавата на Милановиќ дека воената поддршка за Украина е длабоко неморална бидејќи нема решение за војната, како и дека доаѓањето на германските тенкови во Украина само ќе послужи за приближување на Русија до Кина. Ја цитираа и изјавата на Милановиќ за Крим, црноморскиот полуостров што Русија го зазеде и анектираше во 2014 година: „Јасно е дека Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




