06 Декември, 2025
0.0321

Мила Царовска потврди дека законот за учебници ќе се носи по скратена постапка

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021 12:54

Добивај вести на Viber

Министерката за образование Мила Царовска денеска на собраниската говорница, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека законот за дигитализирање на учебниците ќе се носи по скратена постапка, односно со ЕУ-знаменце, по консултацијата со Секретаријатот за европски прашања, 

Царовска ја обвини опозицијата дека ги манипулира родителите, наставниците и учениците со цел, како што вели таа, да ја блокираат реформата.

„Денеска добивте шамар од Сојузот на средношколци, кој рече дека не е учесник во бојкотот. Ќе може да се изберат книги во печатени, или дигитална форма, но тоа нема да биде во PDF-формат, како што можеби си замислувате вие во вашите глави. Ќе ги доближиме содржините до младите кои живеат во дигитален свет, сакале ние или не“, рече Царовска.

Таа додаде дека со реформата со дигитализирање на учебниците младите ќе бидат подготвени и за работниот процес.

Инаку претставници на неформалната фејсбук група на родители денеска одржа прес конференција на која побараа стопирање на постапката за измена на законот за учебници и дидактички материјали. Во обраќањето тие оценија дека предложеното законско решение не ги решава проблемите во образованието туку ќе создаде нови, наведувајќи дека секое седмо дете во државата нема дигитален уред или пристап до интернет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија