18 Декември, 2025
0.1635

Мијалков сака да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

Објавено во: Економија 26 Март, 2025 12:42

Добивај вести на Viber

Бест Веј Инвестмент, компанијата на Јордан Мијалков, синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, сака повторно да биде сопственик на Софија Градба, фирмата која е најголем акционер во најголемата македонска житница ЗК Пелагонија и речиси стоотстотен сопственик на фабриката за млечни производи Здравје Радово.

На 10 март до Комисијата за заштита на конкуренцијата стигнало известување дека Бест Веј Инвестмент сака да стекне заедничка контрола со Орка Холдинг над Софија Градба преку купопродажба на удели. 

Уделите би биле подеднакво поделени 50-50. Инаку Орка Холдинг веќе е сопственик на Софија Градба, а вториот актуелен содружник е Делта 2015 Констракшн. Останува да се види дали Делта 2015 Констракшн ќе го преотстапи својот удел.

„Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје поседуваат по 50 отсто од уделите во Друштвото за градежништво, трговија и услуги СОФИЈА ГРАДБА ДОО Скопје со седиште на ул.Орце Николов бр. 71/1 Скопје, а со тоа имаат и заедничка контрола врз ова друштво“, констатира КЗК во известувањето објавено на 17 март.

Мијалкови преку Бест Веј Инвестмент беа сопственици на Софија Градба кога поранешниот директор на УБК реши да стане бизнисмен по неговата оставка, но со отворањето на случајот „Империја“ ја загуби сопственоста.

Бест Веј Инвестмент во моментов го поседува Омпетрол Оил, друштво со складишта за продажба на горива на големо. Во своето портфолио ги има бензинските станици „Бест Веј Оил“, градежната компанија „Девелоп Груп“ и „Мериот Хотел - Скопје“.

Минатата година во мај и во јуни Мијалкови по затворањето на „Империја“ повторно станаа сопственици на ССИ Инвестмент и Бизнис Проперти Инвестмент, фирми со кои беа поврзани но дотогаш се водеа на име на Рубин Нуредини и Серјожа Марков.

На ваквиот потег може да се гледа и како на затоплување на односите помеѓу Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев, инаку сопственик на Орка Холдинг.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа