20 Декември, 2025
0.0943

МИЦОТАКИС МУ СЕ ЗАКАНИ НА МИЦКОСКИ: „Да даде категорична изјава дека го почитува Преспанскиот договор или ќе се соочи со непријатно прво искуство“

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

Пораката до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, уште еднаш ја испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и посочи дека во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис синоќа говореше во централното издание на вестите на грчката телевизија „Антена“, а се осврна и на Балканот, на односите со нашата земја, на Договорот од Преспа, но и на ЕУ перспективата.

-Во однос на Скопје, Северна Македонија, мојата порака до мандатарот за премиер е многу јасна. Предизборниот период заврши. Договорот од Преспа, кој за нас имаше многу проблеми, но основното достигнување е едно име за сите, ерга омнес, мора да го почитува. И да даде категорична изјава, кога и официјално ќе ја преземе премиерската функција, дека го почитува Договорот од Преспа, рече Мицотакис.

Во однос на тоа што би се случило во спротивно, најави „непријатно прво искуство“ на НАТО Самитот во првата половина на јули.

-Во спротивно, единственото нешто што ќе може да го постигне е да има едно многу непријатно прво искуство, кога сите заедно ќе се сретнеме во Вашингтон, на 75-годишнината од НАТО, на почетокот на јули, додаде Мицотакис и уште еднаш повтори дека и на НАТО Самитот ќе го покрене конкретното прашање.

Посочи дека исто така имаат начин да им објаснат на пријателите, затоа што, како што рече го сметаат „народот на Северна Македонија за пријателски народ“ дека, на крајот, „ако сакаат да се приближат кон Европа, патот кон Европа оди преку Грција и преку добри односи со Грција“, додавајќи дека истото важи и за Албанија.

На прашањето дали е на маса можноста Грција да им го блокира патот на двете земји кон Европската Унија, Мицотакис изрази оптимизам дека сепак, тоа нема да биде потребно.

-Мислам дека нема да биде потребно да стигнеме дотаму, бидејќи сигурен сум дека на крајот ќе надвладее логиката. Но, мислам дека бев апсолутно јасен, рече Мицотакис.

Интервјуто на грчкиот премиер за „Антена“ беше дел од низата интервјуа во пресрет на евроизборите в недела.

Вечерва Мицотакис одржува предизборен митинг во Солун, а в петок ќе го одржи последниот митинг, традиционално во центарот на Атина. 

МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки