14 Декември, 2025
0.0997

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2025 14:16

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив. Ова беше истакното во неговиот одговор на новинарско прашање за одбивањето на поканата за средба од страна на родителите, како и дека тие претходно го имале поканато на средба во Кочани.

- Жалам што е таква одлуката. Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и какошто правев досега се за да им помогнам онолку, колку што можам да им помогнам. Но, исто така морам да кажам дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам е лага. Такво нешто нема. Но, еве без разлика ако е ова покана кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме. Така да мене не ми претставува никаков проблем, изјави Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарски прашања.

Мицкоски порача дека стои на располагање на семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека и оти овој случај не треба да добие призма на политика.

– Јас во Кочани некоку пати бев и дента кога се случи тој хорор и сето тоа коешто понатаму следеше. Но, не сакам сега јас за тоа многу да зборам, бидејќи за мене овој случај не треба да добие призма на естрада, за жал некои политички глодари и некрофили се обидуваат тоа да го направата од опозицијата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа е нивна работа и какошто рече ако тие одлучиле со некрофилија и политичко глодарство да добијат политички поени се лажат и за неколку месеци од денеска тоа ќе го видат.

- А еве јас јавно кажувам ја прифаќам поканата, немам јас проблем да појдам и да седам и да разговарам и онолку колку што е потребно да разговарам и да помогнам било што, што можам да помогнам, само на тие луѓе колку -толку да успеам таа болка да им ја ублажам, изјави Мицкоски.

Во писмено соопштение на 9 мај  родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“,информираа дека поканата за средба во Владата на 13 мај 2025 година во 15.00 часот во Скопје  не ја прифаќаат поради нејзиното доцнење. -Истовремено, ве известуваме дека премиерот беше поканет од сите родители на починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, стои во соопштението од родителите на починатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Вчера во Кочани се одржа петтиот протестен марш на родителите и блиските на семејствата на загинатите и повредените, порачувајќи дека бараат правда, но дека таа мора да биде неселективна и праведна.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина