14 Декември, 2025
0.8230

МИЦКОСКИ ЗА ИМЕТО: Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024 18:25

Добивај вести на Viber

Како новиот премиер Христијан Мицкоски ќе ја нарече земјава при давање заклетва е прашање кое ги заинтересира грчките медиуми. Aтина следи што ќе се случува. 

Тој објасни дека ќе го почитува Уставот. 

„Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди“, рече Мицкоски.

Додаде како Влада ќе мора да ги почитуваат законите и Уставот во однос на употребата на уставното име. Вели дека е променет Деловникот за работа во Парламентот лани како резултат на  Жан Моне процесот и како резултат на тие промени, а тоа е правно обврзувачки акт, тоа е делот што се однесува на заклетвата што ја дава претседателот на Владата, членовите на Владата, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд. 

„Но, мојата употреба лична, како човек, при давање изјави, сум го кажал тоа, никогаш нема да биде поинаква од оваа што е денеска. Мојата татковина е Македонија, и ќе остане Македонија“, рече Мицкоски.

Пред два дена се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа во Нивици. Со него, Македонија и Грција го надминаа спорот за името. Спорот траеше со години. Грција претходно го блокираше влезот на Македонија во НАТО. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина