25 Јуни, 2024
0.0253

„МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА КАЖЕ КАКО ДОЗВОЛИ ПАРТИЈА СО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ДА ДОБИЕ ТРЕТ НАЈВАЖЕН ЧОВЕК ВО ДРЖАВАТА“: Ние реагиравме на лице место, вели таа

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Во однос на спорната свечена изјава на новиот собраниски спикер Африм Гаши и отсуството на реакција од новото владејачко мнозинство, пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Слободен печат истакна дека одговорите дали чинот на свечената изјава бил однапред договорен, треба да ги даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Имајќи предвид дека новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и имајќи предид дека сите тие беа со главата надолу кога тоа се случуваше и дека голем дел од нив не се одважија ниту да дадат аплауз, не би сакала да кажам дали тоа можеби било намерно, договорено, тоа сепак треба да го каже Мицкоски кој седеше во првиот ред. Мицкоски треба да каже и како дозволи партија со двајца пратеници да добие трет најважен човек во државата“, рече Стојчевска.

Таа додаде дека пратениците на СДСМ на лице место реагирале на тоа што свечената изјава се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик.

„Ние реагиравме на лице место и реагиравме согласно механизмите што ни се дозволени, ние додека трае свечената изјава немаме право ниту да се пријавиме за збор, ниту има право некој да се јави за процедурално, затоа што во тој момент се уште не се формирани пратеничките групи и нема координатори“, посочи Костадиновска – Стојчевска.


Можеби ќе ве интересира

„АКО НАВИСТИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ИМА МОЖНОСТ ЗА ТОА, НО ТРЕБА ДА СЕ ИСКРЕНИ“: Мицкоски вели ќе требаат гаранции од Бугарија дека нема да имаат други услови

„АКО НАВИСТИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ИМА МОЖНОСТ ЗА ТОА, НО ТРЕБА ДА СЕ ИСКРЕНИ“: Мицкоски вели ќе требаат гаранции од Бугарија дека нема да имаат други услови

ЦУК: Пронајдена е повредената девојка која паднала во дол во близина на Струмица

ЦУК: Пронајдена е повредената девојка која паднала во дол во близина на Струмица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

МИЦКОСКИ: Ќе биде лицемерно ако одам во Вашингтон и пред мене е плочката со придавката и јас да кажам не го користам

МИЦКОСКИ: Ќе биде лицемерно ако одам во Вашингтон и пред мене е плочката со придавката и јас да кажам не го користам

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

НИКОЛОСКИ: Oд следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз

НИКОЛОСКИ: Oд следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз

КАТИМЕРИНИ: Mицкоски се срами од целото име на својата земја

КАТИМЕРИНИ: Mицкоски се срами од целото име на својата земја

ЗА ЗАКАНИТЕ: Самка Ибраимоски е лицето кое Уставен суд го пријави во полиција

ЗА ЗАКАНИТЕ: Самка Ибраимоски е лицето кое Уставен суд го пријави во полиција

АГЕЛЕР СО ЧЕСТИТКА ДО ВЛАДАТА: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

АГЕЛЕР СО ЧЕСТИТКА ДО ВЛАДАТА: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство