13 Декември, 2025
0.0386

Брзи кредити – што претставуваат и зошто се толку популарни?

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2025 12:21

Добивај вести на Viber

Животот ни станува сè подинамичен и финансиски потежок. Така, сѐ почесто имаме потреба од брзи и лесни финансиски решенија за покривање на непланирани трошоци. Токму тука во пресрет ни излегуваат брзите потрошувачки кредити.

Но, што всушност претставуваат овие кредити? Кога можат да ви бидат одкорист, а кога би ви нанеле штета? За одговор на овие прашања, собравме неколку совети од експертите на Credissimo – водечка кредитна компанија кај нас за онлајн брзи кредити.

Брзите кредити веќе се доста популарна и користена финансиска услуга. Тие претставуваат краткорочни кредити со релативно ниски суми, одобрени од финансиски друштва чијашто работа е строго регулирана од Министерството за финансии.

Овој кредит овозможува брз и лесен достап до пари, бидејќи процесот на аплицирање е многу едноставен. Сѐ се случува целосно онлајн, без непотребно чекање во редици и еден куп документи. Нивната популарност не е случајна, тие нудат брзина, достапност и флексибилност. Можете да земете од 3.000  до 300.000 денари, со рок на исплата од 3 до 36 месеци. Најважно е тоа што со парите располагате за само неколку минути по одобрувањето на кредитот.

Брзите кредити се лесни и удобни, но тие, исто така, можат да бидат многу опасни ако не ги земате со претпазливост. Ајде да видиме кога тие можат да ви бидат од корист, а кога може да бидат штетни за вашата финансиска состојба.

Кога брзите кредити се во ваша корист?

Тие се одлично решение за покривање на неочекувани трошоци во домаќинството или лични потреби. Во моменти кога ви се потребни дополнителни пари за купување на уреди или апарати што ненадајно се расипале, а немате можност веднаш да издвоите пари од платата за нивна замена. Овие кредити се одлично решение за позајмица до плата или непредвидени трошоци за лекови и медицински трошоци.

Исто така, можат да бидат корисни за рефинансирање на други кредити, доколку клиентот сака да ги спои сите своите кредити во еден со плаќање на една рата, услуга којашто ја нуди Credissimo.

Кога брзите кредити би нанеле штета за потрошувачот?

Краткиот одговор е кога кредитите се земаат без да се размислува и без да се направи проценка дали ќе можете да го вратите кредитот. Многу е важно да си изберете месечна рата и рок на плаќање на кредитот според вашите финансиски можности, инаку ризикувате да се соочите со финансиски проблем.

Брзите кредити можат да бидат штетни за корисникот ако земе премногу кредити наеднаш– тоа неизбежно доведува до проблем во враќањето. Финансиската нестабилност често ги тера луѓето да земаат брзи кредити, но ако веќе имаат неколку краткорочни заеми, новиот кредит само ќе ја влоши ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија