Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер
Објавено во: Економија 14 Мај, 2025 11:42
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во Охрид на новинарско прашање одговори дека на 20 мај ќе биде избран гувернер со нов мандат во Народна банка. Како што рече тој, продолжуваат консултациите за изборот со претседателката Гордана Силјановска Давкова.
- Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот. Ќе продолжиме со разговорите и до крајот на оваа недела ќе биде јасна позицијата. Очекувам во понеделник да биде информирано Собранието, а на 20-ти мај има седница. Разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на тој датум. Така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски.
Како што објави Фактор, во игра се четворица кандидати, и тоа актуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, која има право на реизбор и за следните години, потоа поранешните министри за финансии, Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и за Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одбор на КИБС. На анкетите за можен гувернер се споменува и името на професорот Борче Треновски. Мицкоски додаде дека предност ќе му се даде на оној кандидат кој има цврст став дека курсот на денарот треба да остане фиксиран.
Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, да ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, се грижи за подржување на ниски цени, стабилен курс на денарорт, ги контролира банките и слично.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




