МИЦКОСКИ КОНТРА КОВАЧЕВСКИ: За ниту една работа никогаш вратата не се затвора
Објавено во: Македонија 03 Април, 2024 19:28
До 2028 година ќе завршат преговорите, по две години ратификација ќе следи членство во ЕУ, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот на Канал 5 вечерва со политичкиот противник Христијан Мицкоски.
„Вакви муабети дека водата е мокра, сонцето е топло, се изнаслушавме на вакви муабети“, рече Мицкоски.
Тој додава дека по потпишување на договорот со Бугарија, се случи антагонизам меѓу двата народи, туристичките посети меѓу двете земји смета дека се намалени, а односите се влошени.
Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема план како да станеме членка на ЕУ. Тој рече дека опозицијата сака да ја блокира иднината на државата.
Мицкоски вели дека за ниту една работа никогаш вратата не се затвора. Тој додаде дека она што е во интерес на граѓаните, тој ќе го поддржи, било да е тоа прекугранична соработка со источниот сосед, туризам или нешто друго.
Ковачевски не го оправдува ставот дека сите се против нас и дека сите се здружиле против нас.
„На крај на што ќе се сведе? Криви ни се соседите, криви се внатре, на крај крива ќе биде ЕУ“, рече Ковачевски.
Тој потсети дека се отворени преговори со Украина, Молдавија и БиХ. Вели дека сака да ја види Македонија на масата во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




