14 Декември, 2025
0.0706

Мицкоски ја поднесе иницијативата до ДИК: Референдум и избори во еден ден

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2022 12:28

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Македонија и Бугарија објавен во СБ 12/2018 од 18.01.2018“.

„Ги повикувам сите политички партии, без разлика на етничка припадност, или оние што се партиски неопределени, сите општествени чинители, невладини организиции да се обединат семакедонски и да застанат против главниот проблем на нашата европска интеграција. Кога ќе се одржува овој референдум, ги повикувам граѓаните да гласаат „за“ престанок на овој Закон“, рече Мицкоски пред медиумите.

Очекува во најскоро време да бидат собрани 150.000 потписи за да може да се одобри рефрендумот и ја повика власта на истиот ден да се одржат и предвремени парламентарни избори на еден трошок.

ДИК во наредниот период треба да ја достави иницијативата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа понатаму да продолжи до двете собраниски комисии - законодавмо-правната и таа за политички систем кои треба да утврдат дали е уредна.

Мицкоски го повика и претседателот Стево Пендаровски да ја почитува иницијативата и јавното мислење.

- Истиот Стево Пендаровски дури сугерираше референдумско изјаснување, па потоа плукаше, но ќе мора да ја почитува волјата на граѓаните кои имаат различно мислење од власта. Од ден на ден Пендаровски го губи достоинството да ја извршува функцијата претседател на сите граѓани, порача претседателот на најголемата опозициска партија.



Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“