Mицкоски: Додека јас сум претседател, нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања во него
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2022 21:34
За францускиот предлог за кревање на бугарското вето, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е капитулација без одлагање.
Наведе дека во тој предлог, за кој власта тврди дека не го видела, има услов за внесување на Бугарите во Уставот, уцени, ама нема датум. Рече дека тоа се крајно неразумни протисоци. Со овој предлог вели дека одиме во бугаризација, а во ЕУ можеби никогаш нема ни да влеземе.
„Одбиј го овој предлог, ние стоиме позади тебе, не го слушај менторот“, му порача на премиерот Димитар Ковачевски.
Вели дека нема да прифатат никаков понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако тој предлог го прифатат, вели дека нема да почитуваат ништо. На властите во Софија им порача дека ги оддалечуваат двата народи. Наместо да ни помогнат, тие не кочат и тоа не се европски вредности. Потсети дека за промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство.
„Додека јас сум претседател, нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања во него“, рече Мицкоски.
Изјави дека има луѓе кои се платени и ја бранат власта. Да бил на местото на Ковачевски, на албанскиот премиер Еди Рама ќе му кажел дека не знае ниту географија, а уште помалку историја, кога тој рече дека Македонија е идна Западна Бугарија. Бара избори, и најави дека ќе има блокади. Ова лето, според него ќе биде протестно.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




