МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Влажниот бран ќе донесе снежна покривка од 20 сантиметри на планините но и на некои пониски места, во Скопје ќе има многу дожд
Објавено во: Македонија 04 Март, 2024 06:30
Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и навечер, како и утре и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места ( локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог), и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1000 метри, но не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.
„ На планините, особено во западните предели, како и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 25 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер, утре од јужен и од југоисточен, а во вторник од северен правец.
Во Скопје исто така со овој влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, денес од југоисточен, а утре од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат во вторник, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Инаку во следниот период очекуваме почести врнежи од дожд, како и снег на планините, што значи пред нас е значително повлажен период, со што очекуваме вистинска снежна бајка на планините, како и на Скијачките центри“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




